Македонија

Колона од возила на граничниот премин кај Делчево, поради електронско внесување податоци за патници без ЕУ-пасоши

Поради електронско внесување на податоци за патници, кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, моментно е формирана колона од возила на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково. Патници кои го користат годишниот одмор за МИА информираат дека колоната е долга околу еден километар.

„Секој патник што не е со европски пасош Бугарите го внесуваат во системот – се земаат слики и отпечатоци. Едно возило го задржуваат од 10 до 15 минути“ –  изјави за МИА граѓанин од Делчево кој годишниот одмор ќе го користи во соседството.

Од македонска страна, граничната контрола се одвива редовно и без застои, а гужвата се создава исклучиво поради дополнителните проверки и процедурите на бугарска страна.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Крај на пушењето – се крои досега најстрог закон

Македонија е на чекор до донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега, кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и трговците. Според нацрт-верзијата на законот до која дојде Телма, се подготвува целосно исфрлање на цигарите од јавниот живот и затворените простори, без исклучоци.

Повторно блокиран граничниот премини „Евзони“, македонските транспортни компании трпат загуби

Грчките земјоделци и вчера попладне во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите за следните денови, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

To top