Бизнис

Трошоците за живот за еден месец пораснале за 0,4%, на што се должи тоа и ќе има ли затворање на дуќани?!

Властите веќе посочија дека нема да носат краткорочни мерки кои ќе ја зауздаат инфлацијата која е двојно повисоко од речиси половина држави од ЕУ со образложение дека ад-хок мерки не даваат резултати на долг рок.

Индексот на трошоците на живот во декември минатата година бележи годишно зголемување од 4,1 отсто во однос на истиот месец претходната година. Истовремено, индексот на цените на мало е зголемен за 3,7 отсто, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика. Инфлацијата, мерена преку индексот на трошоците на живот, во декември лани е зголемена за 0,4 отсто во споредба со претходниот месец.

Според податоците од ДЗС, растот на трошоците на живот е резултат на повисоки цени во повеќе сектори. Најзначаен пораст во декември во однос на претходниот месец е забележан во групата транспорт каде има зголемување од 5,8 отсто. Покрај транспортот, значителен придонес кон инфлацијата имаат и зголемувањата во секторот рекреација и култура кои се поголеми за 0,8 проценти.

Зголемување на трошоците имало и во групата здравје кои во декември биле повисоки за 0,7 отсто. Мебелот, покуќнината и одржувањето на домаќинствата бележат зголемување за 0,5 проценти. Помали, но сепак зголемувања се регистрирани и во групите ресторани и хотели за 0,4 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 отсто. Зголемување е регистрирано и кај алкохолните пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 отсто.

Во декември лани, во однос на претходниот месец, намалување на трошоците на животот е забележано кај храна и безалкохолни пијалаци за 0,4 проценти и облека и обувки за 0,2 отсто. ДЗС известува дека трошоците на живот во групите образование и комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец, без промени.

ДЗС објави и дека индексот на цените на мало во декември бележи зголемување од 1,9 отсто во однос на претходниот месец, а на годишно ниво индексот на цените на мало бележи раст од 3,7 проценти. На годишно ниво, пак, кај цените на мало најголемо зголемување има кај индустриско-прехранбените производи за 5,1 отсто и прехранбените за 4,9 проценти.

Најнови вести од: Бизнис

Летните патувања поскапуваат – лоши вести за патниците околу новата цена на авионските билети

Иако некои аналитичари и претставници од туристичката индустрија, како што е директорот на TUI, Себастијан Ебел, не очекуваат поголеми нарушувања во наредните месеци, патниците треба да се подготват за промена на ценовниците пред почетокот на шпицот на летната сезона.

Кои економии растат најбрзо во 2026 – при врвот соседот на Македонија

Некои економии од Централна и Источна Европа сè уште ги чекаат своите објавувања за првиот квартал, вклучувајќи ги Полска и Хрватска, кои двете забележаа силен раст во четвртиот квартал. ING очекува полскиот БДП да порасне од 3,6% до 3,8% на годишно ниво во првиот квартал од 2026 година, со прогноза за раст од 3,7% за целата година, што е далеку над траекторијата на еврозоната. Засега, мапата на европскиот раст во 2026 година се прецртува околу јужната и источната периферија, наместо околу традиционалното индустриско срце на блокот. 

Економските политики внимателно да го следат развојот на енергетските пазари, велат експертите

Инвестициите, особено инфраструктурните, придонесуваат за економски раст, но потребни се и подлабоки структурни реформи, сметаат економистите. Компаниите исто така мора да се модернизираат и да ја зголемат својата конкурентност.

(Фото): „Реплек“ и Економскиот факултет со дебата за иднината на бизнисот

Како компаниите создаваат конкурентска предност во време на брзи технолошки и пазарни промени, каква улога имаат иновациите, организациската култура и корпоративното претприемништво во процесот на трансформација, како и колку е важна соработката помеѓу бизнисот и академската заедница – беа главните теми на конференцијата „Што ги движи иновативните компании?“, на која од бизнис, истражувачка и академска перспектива се разговараше за корпоративното претприемништво во услови на пазарна трансформација.

To top