Македонија

Двајца мажи од Скопје пронајдени мртви во викендичка во Гостиварско

Двајца мажи на возраст од по 30 години се пронајдени починати во викендичка во гостиварскиот регион, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Двајца мажи на возраст од по 30 години се пронајдени починати во викендичка во гостиварскиот регион, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен во полиција доцна синоќа, по што на местото на настанот веднаш излегле полициски службеници и екипа на Итна медицинска помош. Лекарот констатирал смрт кај двете лица, при што, според првичните информации, не биле забележани видливи траги на насилство.

Станува збор за две лица од Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција со цел утврдување на точната причина за смртта.

На местото бил извршен увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. Истрагата е во тек, а повеќе информации се очекуваат по завршување на обдукцијата.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top