Регион

„Индекс онлајн“: Знамето на УЧК за првпат во историјата на Косово се вее во дворот на неговото Претседателство

Знамето на косовската УЧК задобива официјален третман во Косово со соодветна одлука на неговата претседателка Вјоса Османи .

„За прв пат во историјата на Претседателството на Република Косово e одлучено знамето на УЧК – Ослободителната војска на Косово, да се вее во дворот на претседателската институција.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Индекс онлајн“.

Порталот пишува: „Веста ја објави Сефер Исуфи, советник за одбрана и безбедност во Претседателството на Република Косово, кој нагласи дека ова се случило само за време на мандатот на претседателката на Косово Вјоса Османи.“

„За првпат знамето на УЧК се вее во Претседателството на Република Косово во текот на сите овие 5 години од овој мандат на претседателката Вјоса Османи.’ – објави на општествената мрежа Сефер Исуфи.“ – извести „Индекс онлајн“.

Најнови вести од: Регион

Бугарија: Евакуација на судови и институции, откако добиваат повеќекратни закани за наводно поставени бомби

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави во вторникот бугарското Министерство за внатрешни работи.

To top