Македонија

За Беџети, „кандидат за нобеловец за економија“, „легитимно е РСМ да се федерализира, а да се смени антиалбанскиот устав“!

„Барањето за федерализација на Македонија е легитимно, но тоа беше поништено уште во 2001 година. Албанската политика сега нема моќ ниту да го отстрани терминот ‘20 проценти’ во антиалбанскиот устав.“ – наведува д-р Неџат Беџети, професор по економија во државниот Универзитет во Тетово, кој инаку беше предложен од група од негови колеги-економисти во декември 2023 година како „кандидат за добивање Нобелова награда за економија“, со образложение дека „развил ‘Теорија на економскиот развој заснована врз демографското концентрирање“. Кандидатурата на Беџети била пријавена во Комитетот за Нобеловата награда, но друг ја имаше добиено.

Во својата колумна, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“ од Приштина под наслов „Албанците во Република Македонија ги уживаат своите права од стандардите на ЕУ“, покрај другото, Беџети пишува: „Државната политика на С.Македонија беше градена во изминатите децении со измислување антидржавни Албанци, божем од страв од национализмот и легитимното барање за федерализација, кое беше единственото барање, што беше поништено во 2001 година. Албанската политика немаше моќ да го заштити албанското население од казнената ескадрила.“

„Денес, ние, Албанците уживаме во некои стандарди, но кои се условени од обврските предвидени за членство во ЕУ. ЕУ има стандарди, што мора да се спроведат, за да се биде прифатен како потенцијален член на ЕУ. Затоа благодарни сме ѝ на ЕУ.“

„Вртлогот на неуспешната политика е сè уште активен и доминира во амандманите на албанската политика, бидејќи тие немаат моќ да го отстранат ниту  терминот ’20 проценти’ од антиалбанскиот устав. Уставните промените се заглавени, бидејќи политичките партии се вкопаа во владиниот кабинет.“ – наведува Неџат Беџети во својата колумна.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и својот македонски јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па затоа покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

To top