Македонија

(ВИДЕО) По цела ноќ во агонија спасени двајца работници на А1 кои биле заглавени во снег над Лазарополе

Вработените во телеком операторот останале без мобилен сигнал и цела ноќ биле заглавени во снег и студ

 

МВР утрово извршило успешна спасувачка акција за двајца работници на А1 Македонија кои цела ноќ минале во планината над селото Лазарополе.

 

Утрово околу 8 часот и 30 минути  лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје лицата биле пронајдени и успешно извлечени.

Двајцата се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Низ планината се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.

 

Тие биле пронајдени во месноста „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, во атарот на село Лазарополе.

 

,,Вчера во 23:30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа”, велат од МВР.

 

Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до ПО Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции и Одделот за униформирана полиција при МВР како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила, опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top