Македонија

Поларен студ во Македонија, на планините измерени -25 степени!

Македонија утрово се разбуди во вистински поларни услови.

Македонија утрово се разбуди во вистински поларни услови. Екстремно студен бран од север донесе температури длабоко под нулата низ целата земја, а на највисоките планински предели се измерени вредности кои ретко се регистрираат дури и во срцето на зимата.

На Титов Врв температурата се спушти до околу минус 25 степени, што го прави ова едно од најстудените утра во актуелната зимска сезона. На Попова Шапка се измерени минус 16 до минус 17 степени, додека во повеќе планински и котлински места температурите се движат меѓу минус 10 и минус 15 степени.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, времето утрово е ведро до умерено облачно, со засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата. Студот е сув, без значајни врнежи, но со изразено чувство на студ поради ветерот.

Минималните температури се спуштија до минус 16 степени на Попова Шапка, минус 14 во Маврови Анови, минус 13 во Крушево, минус 12 во Пожаране и минус 11 во Крива Паланка. Во Скопје минималната температура беше меѓу минус 7 и минус 5 степени, додека најтопло утрово беше во Гевгелија, каде што се измери минус 1 степен.

Снежната покривка е највисока на Попова Шапка, каде што достигнува 26 сантиметри, во Крушево 15 сантиметри, а помал снежен слој има и во делови од западна Македонија.

За денеска се најавува променливо облачно време со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од минус 4 до 3 степени, додека во Скопје се очекува претежно сончево време со максимална температура до 1 степен.

Надлежните апелираат на зголемена внимателност, особено во планинските предели и во раните утрински часови, поради екстремно ниските температури и можноста од појава на голомразица.

 

 

 

Во моментов најчитана вест:

Во сенката на НАТО се раѓа нов воен сојуз

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top