Македонија

Костадинов го замрзна членството во СДСМ!

Не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега

Откако лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, објави дел од имињата со кои партијата ќе се натпреварува на локалните избори, меѓу кои не се најде и она на актуелниот струмички градоначалник, Костадин Костадинов со жестока реакција на Фејсбук.

Тој соопшти дека го замрзнал своето членство во СДСМ, нагласувајќи дека не прифаќа да биде дел од партијата под актуелното раководство.

„Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега“, напиша Костадинов.

„Ова не е крај…

Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена.

Не затоа што се плашам од пораз. Јас не знам што значи да изгубиш избори. Туку затоа што нема вистинска понуда за градот. Нема суштинска дебата. Нема нова визија. Нема предизвик“, вели Костадинов,

„Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како…

Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите…

Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“, порача Костадинов во објавата.

Најнови вести од: Македонија

Собранието го усвои Законот за игри на среќа – 500 метри оддалеченост од училишта и строги правила за реклами

Со овој Закон е воведувањето задолжителна одалеченост од 500 метри помеѓу објектите на среќа и училиштата, како и регулирањето на давањето подароци, т.н „giveaway“ активности.

В среда последно збогум за Владо Јаневски

Јаневски беше првиот македонски претставник на Изборот за песна на Евровизија во 1998 година со песната „Не зори зоро“, а во текот на кариерата доби бројни признанија, меѓу кои и наградата за трајни музички вредности на годинашното издание на „Златна бубамара на популарноста“.

(Видео): Основната потрошувачка кошничка во Македонија е најевтина во Европа, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека најновите податоци на Евростат, според кои основната потрошувачка кошничка во Македонија е најевтина во Европа, ги демантираат критиките дека државата не бележи напредок.

Сиљановска-Давкова-Будрис: Проширувањето на ЕУ ќе биде врвен приоритет за време на литванското претседавање со Советот на ЕУ

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој е во официјална посета на државата.Соговорниците го поздравија отворањето на дипломатското претставништво на Литванија во Скопје, како и одлуката на македонската Влада за отворање амбасада во Вилнус, очекувајќи засилен политички дијалог, поголема економска и културна соработка, како и подобри севкупни односи меѓу двете држави.

To top