Свет

Руте за Лавров: Тој е министер од времето на Исус!

Оттогаш, ништо добро не излезе од неговата уста. Затоа, да не му обрнуваме премногу внимание…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го критикуваше рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во емисија на „Фокс њуз“ за неговите неодамнешни коментари за наводниот колапс на Северноатлантската алијанса поради зголемувањето на трошоциуте за одбрана на 5% од БДП на земјите членки..

Пред неколку дена, од Лавров беше побарано да ги коментира изјавите на неговиот полски колега, Радослав Сикорски, кој предвиде колапс на режимот на Путин како резултат на тековната трка во вооружување. Како одговор, Лавров тврдеше дека значителното зголемување на буџетите за одбрана на земјите-членки на НАТО може да доведе и до колапс на алијансата.

Коментирајќи ја изјавата на Лавров, Руте го пофали она што го нарече големо достигнување во надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација во обезбедувањето зголемување на трошоците за одбрана на НАТО. Тој рече дека Лавров е ирелевантен.

„Лавров е руски министер за надворешни работи уште од, мислам, Исус Христос. Оттогаш, ништо добро не излезе од неговата уста. Затоа, да не му обрнуваме премногу внимание на г-дин Лавров“ – рече Руте.

Најнови вести од: Свет

Уапсени осомничени за кражбата во „Лувр“ – делумно признале вина

Двајца осомничени уапсени за спектакуларната кражба на накит во музејот Лувр „делумно“ ја признаа својата вмешаност, потврди париската обвинителка Лаура Бекуо. Четворица крадци украле девет парчиња накит на 19 октомври, додека светски познатиот музеј бил отворен за посетители. Еден од предметите паднал и бил пронајден на местото на настанот. Бекуо додаде дека украдениот накит сè уште не е пронајден.

To top