Македонија

Расправата за пожарот во Кочани се одлага: Бранителката избрана за член на Судскиот совет

Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека

Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на бранител кој е избран за нов член на Судскиот совет на РСМ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека:

Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката „Пулс“ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска.

Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, бранителот е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.

Заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповикана та расправа.

Со почит – стои во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Непозната материја се излева во Вардар, инспекциите се на терен

Град Скопје соопшти дека денеска попладнето добил пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар, по што веднаш биле активирани надлежните служби. За ова алармираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку својот официјален фејсбук-профил.

To top