Македонија

На проштална средба Агелер и го честитала на Сиљановска-Давкова изборот на двете членки на Судскиот совет

За амбасадорката на САД изборот е значаен чекор кон реформирање на важното правосудно тело

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска, на проштална средба ја примила амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер.

 

 

На средбата обете потврдиле дека двете земји, како долгогодишни сојузници, негуваат цврсто пријателство коешто почива на заемна почит и разбирање.

 

,,Амбасадорката Агелер ми честиташе за изборот на двете членки на Судскиот совет, оценувајќи го изборот како значаен чекор кон реформирање на ова важно правосудно тело.

 

Во име на македонските граѓани ѝ се заблагодарив на амбасадорката за нејзиниот придонес во продлабочување на соработката и зацврстување на стратешкото партнерство”, објави претседателката која пренесува дека и по заминувањето од Скопје, амбасадорката Агелер ќе продолжи да ја помага земјата во којашто поминала значаен дел од кариерата, за што добила благодарност од Сиљановска-Давкова која и посакала понатамошни професионални успеси.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top