Свет

Макрон вели „ќе има невидени последици“, ако Трамп ја преземе контролата над Грендланд!

„Ако суверенитетот на европска земја и сојузник е загрозен, последиците би биле без преседан, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот на кабинетот во средата, алудирајќи на заложбите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија.

„Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, според портпаролката на владата Мод Брежон. „Ако суверенитетот на европска земја и сојузник е загрозен, последиците би биле без преседан. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додал францускиот претседател.

Порано во текот на денот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои силна врска меѓу ЕУ и Гренланд и оти народот на Гренланд може да смета на поддршката на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд ќе се сретнат подоцна во текот на овој ден во Белата куќа со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, по неколкунеделните закани од претседателот Доналд Трамп против Гренланд, автономна територија во рамките на Данска.

Најнови вести од: Свет

Стратешко срце на САД во Блискиот Исток: Зошто Иран ја бомбардира базата во Бахреин

Аналитичарите предупредуваат дека би можело да биде најголемата американска воена катастрофа од Втората светска војна, со сериозни последици врз регионалната безбедност и глобалните енергетски пазари.

To top