Македонија

Колективна оставка на раководството на АА на „вртикапецот“ Таравари, кој сега вели: Немаме ништо заедничко со ДУИ и Ахмети!

Арбен Таравари лани за ДУИ имаше кажано дека се „рак за општеството“ и оти им треба ресетирање“.Алијанса за Албанците се подели на два дела, токму поради несогласувањата за соработка со ДУИ. Таравари го сметаше како „предавство“ чекорот на Зијадин Села да се здружи со ДУИ. Но во почетокот на мај во 2025 година Таравари поднесе оставка од позицијата министер за здравство и заедно со неговото крило во АА излезе од Владата и премина на страната на Али Ахмети и ДУИ и со нив започна соработка како опозиција, настапувајќи заенички на локалните избори со катастрофален резултат. Арбен Таравари во 2023 година имаше кажано дека „Али Ахмети има вистински здравствени проблеми и треба да отиде поскоро во пензија“, во 2025 година имаше неколкумесечни тајни преговарања со истиот Ахмети заради стапување во „опозициски брак“, а сега во оваа 2026 година пак „ја врти капата“ и изјавува категорично „немаме ништо заедничко со ДУИ, ништо, имаме своја стратегија“!

На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците (АА) на Арбен Таравари целото раководство поднесе колективна оставка. Како што објаснуваат од партијата, оваа одлука „е донесена за да се отвори патот за реформи и длабока реорганизација“. Таравари останува да ја води партијата како претседател до потврдување на оставките.  Одлуката за колективна оставка следи по завршувањето на повторените избори за градоначалник во четири општини, каде што АА настапи во коалиција со ДУИ. Собранието на АА на Таравари се очекува да се одржи кон средината на февруари, а Конгресот на партијата најдоцна до есента оваа година. 

Претходно деновиве ДУИ упати повик, како што соопштија, „да им се приклучат на нивната политичка формација сите политички партии во земјата кои се блиски до нивната визија“. По тој повик Таравари во рече дека немаат намера да се претопат во ДУИ. „Немаме ништо заедничко со ДУИ. Ништо! Соработувавме за локалните избори и таа соработка треба да продолжи, но ние имаме наша стратегија која треба да ја подготвиме и да ја претставиме на партиското собрание, кое верувам ќе се одржи на 15 февруари со десетгодишна стратегија на партијата, како и подготовки за конгресот, што најверојатно ќе се одржи на есен. Со ДУИ имаме и ќе имаме соработка, но за спојување воопшто не размислуваме, бидејќи тие се левичарска партија, а ние сме десничарска.“ – изјави Таравари.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Најнови вести

To top