Македонија

(Фото): Министерството за одбрана ги објави сумите – Колкави се платите на војниците?!

Според податоците на МО, просечната основна плата на еден професионален војник изнесува 35.700 денари, додека на полковник е околу 70.200 денари. На овие суми се додаваат дополнителни 23.000 денари за закупнина, храна и превоз, како и додатоци за дежурства и ноќна работа.

Министерството за одбрана останува на ставот дека секое барање што доаѓа од страна на синдикалните претставници треба да се разгледа низ дијалог и во целост се сложуваме од тој аспект со изјавата на претседателот на Независниот синдикат на одбраната, велат од Министерството за одбрана по денешната прес-конференција на Синдикатот на одбраната каде синдикалците истакнаа дека платата на вработените во МО не е зголемена цели две години, откако е донесен новиот Закон за служба во Армијата.

  • Она што би сакале да истакнеме е дека Министерството за одбрана заедно со Генералштабот во континуитет работи на подобрување на стандардот како и условите за работа на сите припадници на македонската Армија како и на вработените во Министерството за одбрана.

Но, во овој случај сакаме да потенцираме дека за прв пат навремено се исплаќаат сите надоместоци согласно Колективниот договор, а кои вклучуваат надоместоци за закупнина, храна, превоз во висина од над 23.000 денари, како и додатоци за прекувремени часови, ноќна работа, дневници за дежурство согласно ангажманот, што е дополнителен додаток покрај основната сума за секое работно место односно звање и чин. Уште еднаш да нагласиме дека ова редовно се исплаќа за прв пат.

Просечната основна плата без додатоци на професионален војник изнесува околу 35.700 денари, а на полковник изнесува околу 70.200 денари. Кога на ова ќе ги додадете сите останати додатоци кои се земаат согласно Колективниот договор ќе добиете поинаква бројка на висината на примањата од онаа што ја изнесе претседателот на НСО, полковникот Јуришиќ.

Би сакале да нагласиме дека поради одлуките кои се донесени од страна на претходната Влада во изминативе неколку години е нанесена огромна штета кон самите припадници, а со тоа и по буџетите за одбрана за минатата и предминатата година, за што само во овие година и половина се исплатени огромни суми по основ на судски и извршни пресуди.

Како за илустрација, минатата 2025 година во два наврати во мај и во декември 2025 година се исплатени 107.000.000 денари (речиси 1.800.000 евра) по основ на неисплатени финансиски средства за 2019, 2020 и 2021 година за прекувремени часови за припадниците на Армијата. А во меѓувреме за прв пат редовно се исплатуваат сите обврски на месечно ниво (плата, прекувремени, ноќна работа, стража, закупнина, превоз, храна).

Во однос на прашањето на регулирање на статусот на професионалните војници, би сакале да нагласиме дека согласно Законот за служба во Армијата, во овој момент секој припадник кој ќе наполни 45 години има право на избор дали да земе отпремнина во висина од 2 просечни плати за секоја измината година во Армијата (сума помеѓу 30000-40000 евра) или да биде задржан на работа како цивилно лице во Армијата, Министерството за одбрана или во останатите државните или јавните институции се до исполнување на условите за пензионирање.

Но, во заедничка координација на Министерството за одбрана и Генералштабот која беше споделена и со претставниците на НСО на последниот состанок, беше презентирано дека се разгледуваат можностите за измени токму во тој дел односно на задржување на дел од професионалните војници по 45 година како дел од структурите на Армијата во специфични служби.

Уште еднаш напоменуваме дека ова не е иницијатива на НСО, но Министерството и Генералштабот истата ќе ја подготви во консултација со сите претставници на синдикати во насока заеднички да изнајдеме најдобро можно решение за нашите професионални војници.

Министерството за одбрана и Генералштабот секогаш се и ќе бидат на страната на своите вработени, затоа што само со мотивирани вработени можеме во континуитет да го одржуваме високото ниво на подготвеност за одговор на предизвиците, велат од Министерството од каде споделија и табела со месечните примања на вработените во одбраната.

  • Во табелата подолу е прикажано колку може да се движи платата на професионален војник и на полковник. Напоменуваме дека основната плата и додатоците (закупнина, храна и превоз) му следува на секој припадник на Армијата и вработен во министерството, а останатите елементи е согласно ангажманот на припадниците. Би сакале да нагласиме информација за примањата може да ја дадеме согласно звањата  односно работните позиции, а не на личните примања на секој припадник поединечно, поради класифицираност на податоците, нагласија од МО.

Најнови вести од: Македонија

Бебе почина в болница – телото дадено на обдукција

Министерството за здравство соопшти дека наложило Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче. Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У. М., на возраст од два месеца, кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење.

Кои телевизии го прекршиле изборниот молк на повторените локални избори?!

Се огласи АВМУ со официјална потврда дека четири национални медиуми ги прекршиле законските одредби за време на изборниот молк за повторените локални избори. Прекршувањата се случиле на 10 јануари, ден пред гласањето во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

Дали пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести?!

Институтот ги повикува работодавачите, особено во угостителството, да ја поддржат примената на законот како мерка за безбедност при работа, а не како „казна“; работниците да го препознаат правото на чист воздух како дел од правото на безбедно работно место; инспекциските и надлежните органи да обезбедат доследна примена, затоа што само така законот ќе ја исполни својата цел.

Аларм: Речиси секој втор Македонец пуши цигари, односно околу 45% од населението

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, истакна дека секој закон кој е во насока на заштита на добросостојбата на граѓаните заслужува поддршка. Повод за неговите изјави беше прашањето дали се планира состанок со претставниците на угостителската дејност во врска со најавениот закон против пушење.

Самсунг (Samsung) ја носи апликацијата “Fender Play“ на почетниот екран на “Samsung” телевизорите

Партнерството ја испорачува првата во свет “Fender Play“ целосно онлајн апликација оптимизирана за телевизори, за учење на свирење на гитара, бас и укулеле, ексклузивно на “Samsung“ телевизорите

Еден загинат, двајца повредени утринава во сообраќајката и страшната експлозија на цистерна на штаерскиот автопат во Словенија (Видео)

Околу 8 часот денес изутрината се случи тешка сообраќајна несреќа на штаерскиот автопат меѓу крстосниците Словенска Бистрица Југ и Словенске Коњице во правец на Љубљана. Според последните информации, во несреќата се повредени две лица, возачот на цистерната и патник во друго возило, додека возачот на помалиот камион бил заробен во возилото и починал на местото на несреќата. Според командантот на противпожарната служба Словенска Бистрица, Давид Прелог, цистерната превезувала нешто повеќе од 30.000 литри дизел, кој исто така експлодирал за време на несреќата. Обемниот пожар веќе е изгаснат. Ова го објави попладнево словенечкиот информативен портал „24 новости“.

To top