Регион

„Одиме на избори“, изјави претседателот Румен Радев.

Алијансата за права и слободи блиска до Ахмед Доган, денеска го зеде и веднаш го врати мандатот за состав на бугарска влада

Бугарскиот пртседател Румен Радев во петокот ѝ даде последна шанса на Алијансата за права и слободи (АПС) да се обиде да формира влада, но партијата го одби барањето, станувајќи трета што тоа го направи оваа недела.

„Ви го предавам овој мандат и како симбол на владеењето на правото и како симбол на националното единство и против секој обид на себични политичари да поттикнат меѓуетнички тензии, за кои нема основа во Бугарија и кои им служат на нивните теснопартиски интереси и, пред сè, на лични интереси“, рече Хаири Садаков, претседател на парлементарната група на АПС, му се заблагодари на шефот на државата за довербата во доделувањето на трет мандат.

„Одиме на избори“, изјави претседателот Румен Радев.

Според уставната процедура, Радев прво побара од коалицијата ГЕРБ-СДС да формира влада, но тие го одбија мандатот. Подоцна, и проевропската коалиција ПП-ДБ одби да се обиде да состави кабинет,

Ниту една партија или коалиција во актуелниот, силно фрагментиран парламент нема доволно пратенички места за да обезбеди стабилно мнозинство. Владата на премиерот Росен Жељасков, од популистичката партија ГЕРБ, поднесе оставка минатиот месец по недели масовни улични протести.

Сега се очекува шефот на државата да одржи консултации со лицата од таканаречената „Домашна книга“ со потенцијални кандидати за привремен премиер. Откако ќе се избере лицето што ќе ја предводи привремената влада, претседателот издава два декрети – за негово назначување и за одредување датум за предвремени парламентарни избори.

 

 

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

Најнови вести

To top