Македонија

Македонија ќе прими 10.000 странски работници

Најголем интерес за вработување странци има во градежништвото, индустријата, угостителството и трговијата со најмногу работници се Бангладеш, Непал, Индија, Турција, Кина и Филипини.

Владата донесе одлука за квота од 10.000 работни дозволи за странски државјани за 2026 година, која стапи на сила на 16 јануари. Од нив, 9.750 дозволи се за редовно вработување, 200 за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани. Во рамки на редовното вработување, 4.500 се за нови работници, додека 5.250 се за продолжување на веќе издадени дозволи.

Од Министерството за економија и труд најавуваат дека ќе се следи искористеноста на квотата и состојбите на пазарот на труд во Македонија.

Квота од 10 илјади странски работници беше утврдена и за 2025 година, додека во 2023 – половина од квотата од 5.000 за увоз на странска работна сила беше пополнета уште во првите месеци од годината. Само минатата година Агенцијата за вработување издала 8.509 позитивни мислења за работни дозволи, а Министерството за внатрешни работи одобрило 6.128 дозволи за привремен престој на странски работници.

Бизнис-заедницата долго време бара зголемување на квотите, предупредувајќи дека недостигот на работна сила е сериозен проблем во градежништвото, преработувачката индустрија, угостителството и трговијата.

Недостигот на работна сила е сериозен проблем во градежништвото, преработувачката индустрија, угостителството и трговијата.

Вкупниот број на странски работници со дозволи за престој (6.128 во 2025 година), е три и пол пати повисок во споредба со пред пет години, кога дозволи добиле 1.704 лица.

Најголем интерес за вработување странци има во градежништвото, индустријата, угостителството и трговијата. Меѓу земјите со најмногу работници се Бангладеш, Непал, Индија, Турција, Кина и Филипини.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во сите сектори има потреба за работници како и досега. „Нема дополнителни отстапувања – тоа се секторите нотирани од работодавачите и од стопанските комори“, вели премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top