Бизнис

Николоски: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Ќе ги зголемиме економските и туристички врски меѓу двете земји

Воведувањето авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата Визер,  ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Вицепремиерот Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Вицепремиерот Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.

Најнови вести од: Бизнис

Инстант-плаќањата ќе овозможат трансфери за неколку секунди, 24 часа во денот, вели Славески

Гувернерот посочи дека оваа иницијатива има и европско значење. Северна Македонија е меѓу земјите од Западен Балкан на коишто им е понудено, уште пред членството во Европската Унија, да се приклучат кон системот за инстант-плаќања на Европската централна банка.

(Видео): Монетарната поставеност останува соодветна, девизните резерви над 5 милијарди евра, рече Гувернерот Славески

Народната банка ја следи состојбата и дека доколку е неопходно, може да реагира со инструментите што ѝ стојат на располагање. Покрај основната каматна стапка, меѓу нив се и мерките на макропрудентната политика, насочени кон одржување на стабилноста на банкарскиот сектор и соодветно управување со задолженоста на приватниот сектор.

(Фото): Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево, кажа Николоски

Со околу 250 бетонски столбови/колови ќе се стабилизира земјиштето на најтешкиот дел од автопатската делница Кичево-Охрид. Во пределот кај Ботун, земјата е црна-графитна и важи за најнестабилна земја, а дополнително има и многу вода. Токму затоа стабилизација на косините кај Ботун ќе се врши со градежна техника која ја првпат се користи не само во Македонија, туку и на Балканот.

Ефикасната даночна политика – клучна за пад на неформалната економија и унапредување на даночната правичност

Учеството на УЈП на конференцијата претставуваше значаен придонес кон стручната и академската дискусија за унапредување на даночниот систем, намалување на неформалната економија и создавање услови за поголема даночна правичност и фер конкуренција.

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Вицепремиерот Николоски посочи дека покрај инвестициите во патната и железничката инфраструктура, енергетиката и водоснабдувањето, од суштинско значење е да се создадат услови во кои македонските компании ќе можат да се натпреваруваат под еднакви и фер правила.

Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25%, неизвесност и натаму има

Извршниот одбор на Народната банка на денешната редовна седница одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25 отсто. Одлуката се заснова врз најновите макроекономски показатели и очекувања, како и врз оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување.

Најнови вести

To top