Македонија

Напорите на митрополитот скопски Теодосиј Гологанов за возобновување на Охридската архиепископија како мајка-црква на Македонците

Влегол во жестока пресметка со Бугарската црковна егзархија и нејзината асимилаторска политика кон Македонците

Гологанов роден како слеп токму на Божик – неочекувано прогледува на 12 години

Инаку, Гологанов бил роден во планинското село Т’рлис, Неврокопско, во Пиринскиот дел од Македонија, денес во Бугарија, на 7 јануари 1846 година, на денот кога е роден и Исус Христос. Ќе остане запаметен во македонската историја како тврдокорен борец за возобновување на тогаш забранетата Охридска Архиепископија и жесток противник на сите антимакедонски пропаганди. Роденото име му е Васил Илиев Гологанов. Судбината сакала малиот Васил да се роди како слепо дете на најголемиот христијански празник Божик во 1846 година. Татко му Илија, кој бил свештено лице и учител, се заветил дека ако неговиот син прогледа, тогаш оти ќе го однесе во манастир. На 12 години малиот Васил неочекувано прогледува. Татко му сметал дека тоа е дар од Бога и во знак на благодарност две години подоцна (1860-та) го носи Васил во манастирот “Свети Јован Претеча“, во близината на Сер.

Жестока пресметка на Гологанов со Бугарската црковна егзархија и нејзината асимилаторска политика кон Македонците

Веднаш по враќањето во Скопје Теодосиј Гологанов како Митрополит Скопски започнува чистка на бугарските кадри во Скопската епархија и пресметка со бугарската асимилаторска политика. Во сите службени документи на црквата бугарските именувања ги заменувал со македонски, и се однесувал како раководител на возобновената Охридска Архиепископија. Во почетокот на есента 1891 ги заменил црковните свидетелства, кои во себе го содржеле името Бугарска Егзархија, со нови свидетелства и документи на македонски јазик. Документите биле печатени на Македонски јазик, велешко-штипски дијалект. Извршил чистка на кадрите на Егзархијата во црковно-училишните општини, и ги заменил со Македонци.

При посетата во градовите богослужел и проповедите ги држел на старомакедонски јазик (на серски дијалект). Најсилен удар против бугарската пропаганда извршил преку враќање на самостојноста на црковно-училишните општини во Скопската епархија. За учебната 1891/1892 ги отстранил сите учители, дојдени од Бугарија и ги заменил со Македонци. Бугарскиот егзарх Јосиф I бил лут и бесен и се заканил дека ќе го повика на одговорност Теодосиј, ако продолжи со замената на бугарските учители.

Гологанов: Македонскиот народ треба да се обедини духовно во крилото на Охридската Архиепископија, неговата вистинска Мајка-Црква

Согледувајќи дека нема да може долго сам да ги одбива нападите од Бугарската Егзархија, од бугарската влада, од грчката и српската пропаганда, митрополитот Теодосиј се обидел да ги анимира и останатите македонски свештеници. Во своето писмо до проигуменот Дионисиј, испратено на 22 јуни 1891 година, покрај другото, напишал: „Ние, духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го кренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли и Цариградската патријаршија и Бугарската црковна егзархијата, и да се обедини духовно во крилото на Охридската Архиепископија, неговата вистинска Мајка Црква.“.

Цариградската патријаршија не ја одобрувала идејата на Гологанов да ја возобнови Охридската Архиепископија. Синодот на Бугарската Егзрхија донел одлука да се отстрани митрополитот Теодосиј од Скопје со помош на турската власт. Бил обвинет за „антиегзархиска и антибугарска дејност, печатење книги на старомакедонски јазик, а не на бугарски јазик“, за „обид да ја обнови Охридската Архиепископија“, а најмногу за „обид да го одвои бугарското население во Македонија од Бугарија, создавајќи некаква, народност, која не постои во историјата“.

Крајот од својот живот Гологанов го поминува во Духовната академија во Софија, каде што умира на 1 февруари 1926 година. Тој бил духовен водач на Македонците во времето, во кое живеел, останувајќи верен на својот македонски народ и на своите идеали до крај! Тој останува како еден од најголемите столбови на македонската независност, еден од најтврдокорните борци против туѓите пропаганди, посебно против големобугарската, како борец за возобновување на автокефалноста на Охридската Архиепископија.

„Македонска нација“

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски задоволен од средбите со Макрон и Мерц: Процесот на проширување е жив

Премиерот Христијан Мицкоски по Самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват изјави дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив, но дека Македонија нема да прифати нови отстапки без јасен и извесен крај.

(Фото): Реализирани 60% од новиот граничен премин „Маркова Нога – Лемос“

Активностите од грчката страна за изградба на граничниот премин Маркова Нога-Лемос во Преспа се планира да се завршат до февруари 2028. Сепак, ќе видиме како ќе напредува тоа, ова е Балкан, рече евроамбасадорот Михаилс Рокас. Тој заедно со високи државни функционери и претставници на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), ја посетија Преспа по повод Светскиот ден на животната средина. Тиеизвршија и увид врз градежните работи за реконструкција и пуштање во употреба на преминот кај Маркова Нога на македонскиот дел од границата.

Наскоро бесплатен роаминг за македонските граѓани во ЕУ

Проширувањето на зоната без роаминг се претставува како доказ за европската посветеност кон регионот и како уште еден чекор во постепената интеграција на Западен Балкан во европските политики. За многумина аналитичари ваквите мерки се дел од концептот на „интеграција пред членство“ – процес во кој земјите кандидати добиваат пристап до одредени европски политики уште пред формалното зачленување во Унијата.

Режисери на сопственото време: Кога денот добива нова димензија

Модерното живеење нè научи дека вистинската слобода е во изборот. Без разлика дали сте дома, во кафуле или во движење, очекувате вашата забава да биде достапна во секој момент. Можноста да „паузирате“, „премотате“ или да гледате нешто подоцна веќе не е луксуз, туку стандард.

(Фото): Започна Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој претходно неделава ги посети сите земји од регионот, нагласи дека неговата втора посета на Западен Балкан откако е на оваа функција ја потврдува континуираната посветеност на Европската Унија кон регионот.

Македонските аеродроми рангирани меѓу најбрзо растечките во Европа

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), додека бројот на летови порасна за 9,5% со вкупно 10.595 опслужени летови.

Жена и маж завршија под автомобил на „дивиот пешачки премин“ кај Бит Пазар (ВИДЕО)

Граѓаните бараат преминот конечно да биде легализиран и соодветно обележан со бели линии, вертикална сигнализација и семафори, со цел да се намали ризикот од нови сообраќајни незгоди и да се зголеми безбедноста на пешаците

To top