Македонија

Филипче: Тужба за клевета, Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава

Филипче денеска соопшти дека секојдневно е предмет на јавен линч преку „груби лаги“

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска соопшти дека секојдневно е предмет на јавен линч преку „груби лаги“, постојана црна кампања и манипулации и најави тужба за клевета за, како што рече, наредбодавачите и извршителот и го повика Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава.

– Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета, рече Филипче на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

Заев и Филипче сакале да добијат сопствеништво врз болницата „Жан Митрев“(ВИДЕО)

Обвини дека власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја поминало секоја граница. Истакна дека нема одговор на вистинските прашања, како за дупката во буџетот од 2 милијарди евра, за тоа што нема пари за да се зголемат платите и пензиите, за мигрантите, за црниот капитал преку АЛТА банка, за  корумпираните тендерски постапки насекаде во државата, дека луѓе од врвот од Владата се среќаваат со „Ноќни волци“ блиски до Путин…

– На граѓаните им е потребен подобар живот, повисок стандард, повисоки плати, повисоки пензии, добра иднина, пат кон Европа и за тоа треба да зборувме, рече Филипче.

Жан Митрев вчера во емисијата Вечерно шоу на Богдан Илиевски изнесе тврдење дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, за време на судскиот процес што се водеше против д-р Митрев. 

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top