Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да го допре “недопирливиот” тандем

Заев и Филипче ги користеле институциите за директен притисок за преземање на болницата „Жан Митрев“

Екс-премиерот Зоран Заев од позиција на премиер, а Венко Филипче од позиција на министер за здравство, ги злоупотребиле институциите за сопствени лукративни причини и се обиделе да му ја одземат болницата на докторот Жан Митрев, според неговите сведоштва во интервју на национална телевизија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Филипче му се заканувале на сопственикот, со цел да му ја одземат приватната болница „Жан Митрев“. Во екот на судски процес, кога институциите беа под целосна контрола на тогашната власт на СДСМ, на д-р Митрев му биле блокирани сметката на болницата и личната сметка, а била воведена и забрана за продажба на болницата. Но, шокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев, по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба. Ова е доказ за сериозно мешање и политички диктат во правосудството од страна на Заев и Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Филипче ги користеле институциите за директен притисок врз Жан Митрев, се додава во соопштениетоод ВМРО-ДПМНЕ

„Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност, што претставува организиран грабеж под маската на институционално постапување. Додека граѓаните секојдневно умираа од ковид, а вакцините доцнеа поради неспособноста и незаинтересираноста на Заев и на Филипче, тие си кроеле шеми како да профитираат врз грбот на народот и како да превземаат приватни болници за лично богатење“, се вели во соопштението.

Ова е вистинската слика на СДСМ, на Заев, Филипче и на останатите кои додека беа на власт уценуваа, се закануваа, делеа провизии и ги злоупотребуваа институциите за рекет и вршење притисок, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавното обвиителство веднаш да отвори постапка да ги истражи сите наводи и да постапи неселективно. Македонија мора да расчисти со ваквите криминални постапки и практики без политички калкулации. Законот мора да важи за сите, особено за оние кои мислат дека се недопирливи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

МВР ги истражува свирежите за македонската химна и националистичките испади на финалето Силекс-Шкендија и веењето странски знамиња на протестот во Скопје!

Исвиркувањето на државната химна на Република Македонија на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се цел на проверки на МВР. Од МВР истакнуваат дека се преземаат активности за утврдување на можни прекршувања на јавниот ред и мир.

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

(Фото): Колку внимаваат граѓаните кога купуваат нов стан?!

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Македонија почна кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

To top