
„Во сабота, на 5 јули 2025 година, во Албанскиот театар во Скопје, ќе го основаме официјално Движењето ‘Арберија’ – една смела и чесна идеја, која произлегува од албанската совест. ‘Арберија’ не е партија. Тоа е нова самосвест, револт кон политичката разочараност, кон манипулирањето со активистите и искористувањето на граѓанинот.“ – соопшти поранешниот пратеник Орхан Ибраими. Ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Инаку, информативниот портал на албански јазик „Сот“ ја пренесе на 15 септември следната изјава на Ибрахими, дадена кога бил пратеник од ДПА: Живееме во Македонија, но ја сакаме и ја сонуваме Албанија“!
Во најавата за саботното конституирање на новото „политичко Движење“ Орхани дополнува: „Арберија’ е повик за обединување, за одговорност, повик за чесна акција и за проектирање на иднината. Албанците немаат повеќе потреба за сопственици на каузи, туку за едно слободно организирање, кое се раѓа од Албанците и кое работи за Албанците. ‘Арберија’ е надеж, тоа е отпор. Тоа е место за средба на поколенијата, кои не се предаваат.“
Во вест со наслов „Орхан Ибрахими најавува формирање нова партија: Ќе им ја донесеме слободата на Албанците!“ на 2 ноември 2023 година информативниот портал „Телеграм“ имаше објавено: Орхан Ибраими изјави дека заедно со неговите поранешни колеги, пратениците на ДПА Беким Фазлиу, Газменд Алиу и Мерале Ферати, се трудат да формираат нова политичка партија, која ќе ја реактивира идејата за еднаквост, правда и демократија за Албанците.