Македонија

Денеска избор на шеф на Основното јавно обвинителство Скопје

Кандидати се Гаврил Бубевски, Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова

Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото е и донесување на одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.

Во трка за нов шеф на скопското ОЈО се петмина кандидати.

Меѓу нив е и досегашниот прв човек на ова обвинителство Гаврил Бубевски. Тој е поранешен член на СЈО кое се распушти поради корумпираност, а во ЈО има предмет и за бонусите делени во СЈО во милионски износи, поради што во судир со екс јавниот обвинител Љупчо Коцевски, дојдоа вишите обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

Освен Бубевски, кандидати на шеф на ОЈО Скопје се и Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

To top