Македонија

Муцунски-Агелер: Потврда на партнерството Македонија- САД

Разменети мислења за унапредување на политичката и економската соработка – како потврда за силното стратешко партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера имаше средба со амариканската амбасадорка на САД, Анџела Агелер, во пресрет на денешниот ден кога САД одбележуваат 249 години од независноста од Велика Британија.

На средбата се разговараше за унапредување на политичката и економската соработка – како потврда за силното стратешко партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји.

Посебен акцент беше ставен на унапредување на економската соработка и поддршка на иницијативите насочени кон зајакнување на трговијата и инвестициите, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Во разговорот беа разменети мислења и за актуелните геополитички случувања и безбедносните предизвици. Беше потврдена заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан, силното партнерство во рамките на НАТО-алијансата, како и напорите за промовирање на демократските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Министерот Муцунски ја истакна решителноста на Владата за спроведување на клучните реформи и активниот придонес на државата за одржување на мирот и безбедноста во регионот и пошироко, се вели во соопштението на Министерството.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top