Македонија

Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“

Васев и Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра

Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој за незаконски набавки на лекови, фиктивни тендери и присвојување терапија се обвинети поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи.

Судската расправа продолжува со вкрстено испитување на сведок предложен од обвинителството, поранешен финансиски раководител во Фондот за здравствено осигурување, откако претходното рочиште беше прекинато поради приватни обврски на член на Судечкиот совет.

На минатото рочиште, сведокот сведочеше за зголемување на потребата од средства поради раст на бројот на пациенти и за пораст на долговите на Клиниката кон крајот на 2021 година, нагласувајќи дека јавните набавки се спроведуваат согласно законските процед, а двајцата ја негираат вината и тврдат дека случајот е политички мотивиран.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top