Свет

Косопственикот на барот на смртта во Кран-Монтана пуштен на слобода!

Судот прифати кауција од 215.000 евра за Морети, кој не смее да ја напушта Швајцарија и мора секој ден да се пријавува во полиција

Косопственикот на барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, Жак Морети, кој беше приведен за време на истрагата за пожарот во објектот во кој загинаа 40 лица за време на новогодишната прослава на 1 јануари, е ослободен со кауција, соопшти денеска судот во Вале.

Морети беше во притвор од 9 јануари, а судот за присилни мерки ја потврди неговата тримесечна затворска казна три дена подоцна, но адвокатите на одбраната поднесоа барање за ослободување на Морети во замена за неколку услови, вклучително и плаќање кауција од околу 215.000 евра, објавува „Ле Фигаро“.

Судот во соопштението наведува дека на Жак Морети му е „забрането да ја напушти швајцарската територија“, дека е ослободен под услов „да ги предаде сите лични документи“ и дека е „обврзан да се јавува во полициската станица секој ден“.

Адвокатите на семејствата на жртвите, кои беа многу критични кон начинот на кој швајцарските кантонални власти досега го водеа случајот, изјавија дека одлуката за ослободување на Жак Морети била „неочекувана“ и „зачудувачка“, пишува „Фигаро“.

„Ова е неочекувано и особено зачудувачко за мојот клиент и за семејствата на жртвите. Поминаа едвај три недели од трагедијата. Истрагата тукушто започнува“, изјави адвокатот Кристоф де Галамберт за „Фигаро“.

Пожарот во барот во Кран-Монтана, за кој првично беше утврдено дека е предизвикан од распрскувачи на шишиња шампањ што келнерите ги носеа високо над главите, уби 40 лица, а повреди 116.

Најнови вести од: Свет

Иранска државна телевизија: Мохтаба Хамнеи е ранет од непријателот во војната

Водителите читаа извештаи во кои се нагласува дека тој е ранет од непријателот, но не беа дадени никакви дополнителни детали за природата, времето или тежината на повредата, ниту пак за неговата моментална здравствена состојба.

На 17 години се бореше на фронтот – сега Мојтаба Хаменеи ја води „светата“ војна против Америка (ВИДЕО)

Во време на ескалација на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран, вниманието на глобалната јавност е насочено кон новиот врховен водач на Исламската Република Иран, Мојтаба Хаменеи.

Ердоган до Иран: „Не фрлајте сенка врз нашите илјадагодишни братски односи“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, по седницата на владата во Анкара, изјави дека Турција испратила јасно предупредување до Иран откако втора балистичка ракета од иранска територија влегла во турскиот воздушен простор и била пресретната од системите за противвоздушна одбрана на НАТО.

To top