Македонија

СДСМ денеска на отчетен конгрес за дебаклот на локалните избори

Конгресот ќе го разгледа сведувањето на партијата на шест градоначалници и на само петта политичка сила во Скопје

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ќе го одржи својот 31. конгрес, на кој централна тема ќе бидат остварените резултати на локалните избори, на кои партијата освои само шест градоначалнички места наспроти 56 на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Партиски извори брифираат дека највисокото тело на партијата на власт на државно ниво до предминатата година ќе има седница од отворен и од затворен тип.

Во отворениот дел лидерот Венко Филипче ќе одржи поздравен и воведен говор, а потоа ќе следува затворениот дел од конгресот, во кој генералниот секретар и шеф на изборниот штаб Александар Саша Димитриевиќ ќе го претстави извештајот за изборите.

Во план е да се гласа за доверба на Централниот и на Надзорниот одбор, како и да се направат измени во Статутот заради воспоставување нови дигитални платформи за комуникација со членството и со гласачите.

Филипче очекува учесниците на конгресот да изнесат конструктивни критики, но не и да се прелеат тензиите од деновите непосредно пред одржувањето, во кои јавно го критикуваа поранешните партиски „перјаници“ Петре Шилегов и Јован Деспотовски.

Двајцата „фронтмени“ на незадоволните во партијата не се меѓу 740 поканети, исто како и експретседателот Бранко Црвенковски, кој го замрзна своето членство, а од поранешните лидери покани добија Зоран Заев и Владо Бучковски.

Партијата веќе неколку години е во состојба на внатрешни превирања што почнаа по оставката на Заев поради лошиот резултат на локалните избори во 2021 година, се засилија на парламентарните избори во 2024, кога СДСМ освои само 15 пратенички мандати и кулминираа на локалните лани, кога „државотворците“ се сведоа на петта политичка сила во Скопје и трета во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top