Македонија

Врвни кардиоторакални експерти на меѓународен симпозиум во Клиника Жан Митрев – Европските клинички стандарди во пракса

Гости еминентни кардиохирурзи и кардиолози од реномирани институции како Медицинскиот универзитетски центар во Лајден и Амстердам, Универзитетот во Фрајбург во Германија,Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ од Белград, како и водечки меѓународни авторитети во областа на структурните срцеви интервенции и кардиохируршките иновации

 

 

Со учество на врвни европски и регионални експерти, во Скопје се одржа меѓународниот симпозиум „Вoдичи во пракса“, во организација на Клиника Жан Митрев. Настанот ја потврди улогата на клиниката како современ медицински центар што активно придонесува кон унапредување на кардиоваскуларната медицина, не само во земјата, туку и пошироко во регионот.

 

Симпозиумот, реализиран во соработка со Центарот за срце и бели дробови при Универзитетскиот медицински центар од Лајден, Холандија, беше посветен на практичната примена на најновите европски ESC/EACTS клинички упатства во третманот на коронарната артериска болест и валвуларните срцеви заболувања. Преку целодневна научна програма, интерактивни мултидисциплинарни дискусии и презентација на сложени клинички случаи, беа отворени клучни прашања поврзани со современото донесување одлуки, персонализираниот пристап кон пациентите и интеграцијата на иновативните хируршки и интервенциски техники во секојдневната клиничка пракса.

Како што во воведното обраќање истакнал д-р Жан Митрев, повод за организирање на овој симпозиум е јубилејот40 години работа во медицината и направени 15 000 операции, но самиот симпозиум ја покажа пошироката вредност на ваквите меѓународни собири: „Нашата цел тука e да се сретнеме со исклучително искусни и високо почитувани експерти во областа на нашата секојдневна работа за да се информираме, да видиме кои се актуелните новитети како и да го ажурираме нашето знаење за да видиме каде сме во сите овие околности. Нашата мисија е пациентите во оваа земја да имаат пристап до третман еднаков со оној во најдобрите европски центри. Како приватен клинички центар, свесни сме за одговорноста што ја носиме, не само да ги имплементираме најновите клинички упатства, туку и активно да инвестираме во едукација, соработка и развој на медицинската практика. Ваквите симпозиуми се доказ дека приватното здравство може да биде двигател на напредокот, стандардите и квалитетот во целокупниот здравствен систем“, истакна д-р Митрев.

 

Според министерот за здравство да се биде домаќин на ваков симпозиум во нашата земја е многу важно за нашите професионални платформи и доживотното учење на домашните медицински експерти: „Темата што денес се разгледува, вклучувајќи ги и последните упатства и најсовремената технологија што ја користиме за срцеви заболувања, дава одлична можност за размена на нови научни знаења, клиничкото искуство и терапија. Тоа е многу важен аспект на овој симпозиум, интерактивниот формат што овозможува отворена размена на искуства и соработка меѓу различни медицински експерти кои се тука со нас на овој симпозиум. Подобрување на клиничкото донесување одлуки за сите крајни цели за обезбедување побезбедна, висококвалитетна и поперсонализирана грижа за нашите пациенти во овој, да речеме, патоказ во здравствениот систем. Би сакал да ви се заблагодарам за вашата посветеност на медицинското образование и унапредувањето на оваа кардиоваскуларна медицина што е дел од темата на денешниот симпозиум“, истакна министерот Алиу.

 

Свои експертски согледувања споделија еминентни кардиохирурзи и кардиолози од реномирани институции како Медицинскиот универзитетски центар во Лајден и Амстердам, Универзитетот во Фрајбург во Германија,Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ од Белград, како и водечки меѓународни авторитети во областа на структурните срцеви интервенции и кардиохируршките иновации. На симпозиумот беа присутни и еминентни професионалци од областа од приватните и јавните здравствени установи во државата како и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Присуството на овие експерти овозможи високо ниво на научна размена и директен увид во европските стандарди на третман.

 

Симпозиумот акредитиран од Лекарската комора на Македонија, заврши со јасни заклучоци за потребата од понатамошно зајакнување на мултидисциплинарниот пристап, континуирана медицинска едукација и усогласување со највисоките европски стандарди во третманот на кардиоваскуларните заболувања.

 

Со вакви настани, Клиника Жан Митрев продолжува да ја гради својата улога како регионален центар на знаење, иновации и врвна медицинска експертиза, се вели во објавата на Клиниката Жан Митрев.

 

Најнови вести од: Македонија

Колкави се паричните казни што ги носи „Безбеден град“?!

Со почетокот на примената на системот „Сејф сити“ од 1 февруари 2026 година, во Македонија стапува на сила нов, значително построг начин на санкционирање на сообраќајните прекршоци. Наместо класични полициски контроли, казните ќе се изрекуваат автоматски, врз основа на видео и електронски докази собрани преку камерите и сензорите на системот „Безбеден град“.

(Фото): И во сабота на работа – скопскиот градоначалник се сретна со граѓаните, за што разговараа?!

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски уште еднаш ја потврди својата посветеност кон граѓаните, ставајќи ги нивните потреби и интереси на прво место. И во сабота, вратите на Град Скопје беа отворени за сите кои сакаа лично да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози, во духот на отворена комуникација, достапност и одговорно локално раководење.

Зошто сопственикот на „Марковски компани“ Борче Марковски е пуштен од притвор?!

Во јануари годинава битолското Обвинителство поднесе обвинение против Борче Марковски и уште двајца вработени во фирмата, како и против петмина поранешни раководители во РЕК Битола, меѓу кои и поранешниот директор Пеце Матевски. Марковски беше во  притвор по апсењето на 9 октомври. Тој и уште седум лица се сомничат дека незаконски наплатиле над 1, 7 милиони евра од РЕК Битола, иако дел од договорените работи не биле извршени.

To top