Свет

ЕК одобри употреба на генетски модифицираната соја како храна за луѓето и животните

До каде ќе стигнеме со оваа храна

Европската комисија денес одобри користење на генетски модифицираната соја од увоз како храна за луѓето и животните, но не и нејзино одгледување на територијата на ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што соопшти Европската комисија, ваквата одлука е донесена врз основа на научната проценка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) дека употребата на генетски модифицираната соја е безбедна по здравјето.

– Оваа сеопфатна и строга постапка за проценка обезбедува високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животните, како и на животната средина, се наведува во соопштението.

Со одлуката, која е со важност од 10 години, се предвидува и дека секој производ на база на оваа генетски модифицирана соја ќе мора да биде проверен согласно строгите правила на ЕУ. Комисијата имаше законска обврска да донесе одлука околу ова прашање, откако земјите членки не успеаја да го обезбедат потребното квалификувано мнозинство за усвојување на предложената регулатива за користењето на генетски модифицираната соја.

Најнови вести од: Свет

Романија молчешкум го усвои законот за обединување со Молдавија

Романскиот парламент ја потврдува својата приврзаност кон одредбите од Завршниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа во Хелсинки, кој овозможува можност за промена на границите преку мирни и дипломатски средства“

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

To top