Македонија

Му се заканува ли еколошка катастрофа на Охридскоро езеро и рибниот фонд?!

Полициските извештаи сведочат за редовни акции во кои се запленуваат километарски мрежи, чамци и стотици килограми незаконски уловена риба.За илустрација во периодот на мрест, од 1 декември кога е на сила е целосна забрана за лов,запленети се 26 рибарски мрежи и 1.465 единки белвица. Спортските риболовци,без задршка  кажуваат дека дневно од страна на рибократците се изловиваат од 500 кг до 1 тон риба.

Му се заканува ли еколошка катастрофа на Охридскоро езеро и рибниот фонд?! Ако рибокрадците продолжат го пустошат, пастрмката и белвицата ќе завршат на црвената европска и светска листа како ендемични риби пред истребување, алармирааат еколозите. Иако законите предвидуваат строги мерки за заштита и покрај засилените контроли, недозволениот риболов и понатаму сериозно го загрозува рибниот фонд во езерото. Користењето забранети мрежи и ловењето во период на мрест се посочуваат како клучни причини за нарушување на биолошката рамнотежа во езерото.

Дел од рибокрадците, најчесто ноќе и далеку од брегот, поставуваат мрежи, при што уништуваат и млада популација која сè уште не достигнала репродуктивна зрелост,отворено зборуваат искусните риболовци кои предлагаат да се превземат крајно ригорозни мерки за да се спречи ,како што велат геноцидот врз пастрмката и белвицата.

  • „Најповеќе се ловат рибите кои се најдоходовни нормално пастрмката, затоа помалку ја има.Сега се оди на лов на белвицата, таа е втора на удар. Со строги казни и ние често пати велиме свеста на луѓето да се издигне.Света на луѓето ја дигаат санкциите.Кога добри казни ќе има и ред да се стави“, вели Љупчо Маслов, рибар.

Полициските извештаи сведочат за редовни акции во кои се запленуваат километарски мрежи, чамци и стотици килограми незаконски уловена риба.За илустрација во периодот на мрест, од 1 декември кога е на сила е целосна забрана за лов,запленети се 26 рибарски мрежи и 1.465 единки белвица. Спортските риболовци,без задршка  кажуваат дека дневно од страна на рибократците се изловиваат од 500 кг до 1 тон риба.

  • „Па некаде од 500 кг до еден тон дневно се ловат и тоа се шверцува.Во Албанија се носи од овде белвица, од таму се носи пастрмка,значи цвета рибокрството цвета нелегалниот риболов.И во кафеаните треба се види продаваат којзнае колку килограми пастрмка а немаат од каде да ја набават”, вели Радован Димитриески-здружение “Рибарски приказни”

Минатата година, после долг низ години министерството за земјоделство обезбеди сретства за спроведување на оваа активност. Од Хидробиолшкиот Завод чија основа дејност е порибување на езерото, а се спроведува 90 години откога постои научната установа,велат паузата од 6 години нанесе несогледливи последици. Годинава почнувајќи од 21-ви јануари, веќе се врши вештачкиот мрест.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top