Македонија

Веќе се продадени 912 пакувања со отров: АХВ ги предупредува родителите веднаш да го вратат бебешкиот производ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредна инспекциска контрола кај увозник на бебешка формула откако доби официјално предупредување од Европската Унија за небезбеден производ кој веќе бил пласиран на македонскиот пазар. Станува збор за APTAMIL AR 2 – 912 пакувања веќе биле продадени, родителите повикани на итна претпазливост.

Станува збор за бебешката формула APTAMIL AR 2 (ENG 24×400 g), серија 2027.01.02, во количина од 912 пакувања, со потекло од Ирска, кај која е утврдено присуство на опасниот токсин цереулид. Како извор на контаминацијата е посочено маслото ARA, информираат од АХВ.

Од Агенцијата велат дека при контролата било утврдено дека целата количина веќе е дистрибуирана на пазарот, односно производот не бил пронајден во магацините на увозникот. „Операторот со храна веднаш ја информираше Агенцијата и јавноста, а во тек е итно повлекување на производот од продажба. Наш приоритет е заштитата на здравјето на најмладите“, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од АХВ апелираат до сите родители кои го имаат купено овој производ да не го користат и веднаш да го вратат на местото каде што е купен. „Ги повикуваме потрошувачите внимателно да ја проверат серијата и рокот на употреба. Доколку се работи за наведената серија, производот не смее да се употребува“, нагласуваат од АХВ.

Во однос на информациите за повлекување на повеќе брендови бебешки формули од компанијата „Нестле“ во други европски земји, од Агенцијата информираат дека се вршат проверки дали тие производи се увезени и кај нас, иако засега нема официјално предупредување преку европскиот систем за брзо известување. „Ја следиме состојбата постојано и доколку се појави ризик, ќе реагираме веднаш со соодветни мерки за заштита на здравјето на бебињата“, порачуваат од АХВ.

Најнови вести од: Македонија

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top