Македонија

За законот гласал и СДСМ, Сиљановска-Давкова добила ветување за нов закон до Јуни

За Сиљановска-Давкова со поддршката од опозициската СДСМ кривичниот законик е блиску до двотретинско мнозинство

 

Тоа што опозициската СДСМ гласала за измените на Кривичниот законик е причина повеќе што претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчера ги потпишала измените на Кривичниот законик кој вчера беше изгласан во Собрание.

Дел експертската јавност имаше  забелешки за кривичните дела и санкциите за функционерите, а Платформата за граѓански организации испрати допис до претседателката и побара да стави вето на измените.

 

Сиљановска вели дека има забелешки во делот на казните за функционерите, но дека ова го смета само за транзициско решение, а од предлагачите на измените, од владата добила гаранции дека до јуни ќе биде донесен новиот Кривичен законик кој со години го работи работната група.

 

 

,,Ако ги анализирам решенијата во однос на измените од 2023 година кои беа катастрофални, ова е чекор напред. Не се сите добри, очекувам дека нов Кривичен законик, знам дека на него работи квалификувана група и претставници од ЕУ и дека ова е транзициско решение. Она што е важно во моментов е дека „Безбеден град“ нема да може да функционира ако не е пропратено со решенија што значат санкционирање на сите повреди она што беше воведено во Законот за прекршоци, кривичните дела за безбедноста. Ги прифаќам овие измени само како транзициски за да може да имаме исчекор во поглед на санкционирањето на една од најтажните македонски приказни во сообраќајот, жртвите, заштитата на жените тоа ми е многу битно. Во поглед на построгите критериуми, подобро квалификуваните дела врзани за злоупотреба на службената положба ќе го толерирам ова само во пресрет на чекањето на новиот Кривичен законик. Според мене тој ќе биде клучен во судските реформи и сметам дека треба да биде донесен час поскоро. По разговори со предлагачот, со владата и по барање гаранции, ова нема да значи дека сме го решиле проблемот и одолговлекување на Кривичниот законик”,  рече Сиљановска во изјава за медиумите по денешниот брифинг за борбената готовност на Армијата.

Целата изјава

Најнови вести од: Македонија

Апелација одлучува по жалбите за осудените за убиствата на Вања и Панче

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

ВМРО-ДПМНЕ: Ги слуша ли Филипче реакциите од народот или е премногу зафатен со фантазирање за премиерска фотелја?

Филипче јасно кажа дека за него националниот идентитет е застарен концепт, па сега секојдневно го повторува тој став и се врти околу својата замислена оска и фантазира за премиерска фотелја

To top