Македонија

Ѓорѓиевски: Набавуваме повеќе од 40 возила за Комунална хигиена, заради организирано и ефикасно собирање на отпадот во сите скопски населби

Со оваа одлука Град Скопје прави суштински исчекор кон трајно и системско решавање на проблемот со одржувањето на јавната чистота.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше за започнување на најобемната инвестиција во јавната чистота во изминатата деценија, со официјален почеток на постапката за набавка на повеќе од 40 нови, современи и специјализирани возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“.

-Покрај ова, денес на седницата на Советот на Град Скопје ќе биде усвоена и програмата за Комунална хигиена, со која градот обезбедува уште повеќе од десет нови камиони од сопствени средства. Ова значи дека во Скопје ќе пристигнат и ќе бидат ставени во функција повеќе од 40 нови, современи и специјализирани возила кои секојдневно ќе се грижат за чистотата низ целиот град. Ова, истовремено е и најголемата инвестиција во јавната чистота во последните десет години, што јасно говори за нашите силни заложби за доброто на граѓаните. Само за споредба, ова се случува за помалку од три месеци откако сум градоначалник, споредбено со осум години во минатото, кога биле набавени само 4 возила. И ова не е крај, набавката на нови возила за потребите на претпријатието продолжува во континуитет. Проблемот со отпадот кој со години ги мачеше скопјани, заминува во историјата. Градот ќе располага со доволен број современи возила за да ја покрие секоја населба и секоја улица навремено, организирано и достоинствено, затоа што чист град значи здрав град, а здрав град – подобар живот за сите, објави Ѓорѓиевски.

Проектот се реализира преку координирана соработка со Министерството за транспорт и Светската банка, а дополнително ќе биде поддржан и со сопствени средства на Град Скопје, што јасно ја потврдува силната институционална заложба за здрав, уреден и модерен град.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top