Македонија

Од утре стартува „Сејф сити“, еве што ке се казнува и колку ќе чинат казните (ВИДЕО)

Периодот на опомени заврши

Периодот на опомени заврши. Од утре (1 февруари) системот „Сејф сити“ („Safe City“) и официјално започнува со изрекување на парични казни за сообраќајни прекршоци во Скопје, Тетово и Куманово.

Откако од 1 јануари системот функционираше пробно и се испраќаа само опомени, од утре камерите ќе регистрираат и ќе санкционираат низа прекршоци: возење побрзо од дозволеното, поминување на црвено светло, непрописно паркирање, како и управување со нерегистрирано возило или истечена возачка дозвола.

Колку ќе чинат казните?

  • Брзина: За пречекорување на брзината казните се движат од 15 до 300 евра.
  • Црвено светло: За поминување на црвено, глобата е до 250 евра, но следи и одземање на возачката дозвола од 3 до 12 месеци.
  • Паркирање: За непрописно паркирање ќе се плаќа од 25 до 180 евра.
  • Регистрација: Највисоката казна е предвидена за нерегистрирано возило – 500 евра.
  • Возачка дозвола: Ако дозволата е истечена до 30 дена, казната е 100 евра.

За сите прекршоци важи правилото: доколку казната се плати во рок од осум дена, сумата се намалува на половина. Инаку, законските одредби за „Безбеден град“ веќе се најдоа пред Уставниот суд, до каде се пристигнати три иницијативи за нивно оспорување, но додека судот не одлучи поинаку, системот продолжува со работа.

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top