Бизнис

НЛБ со рекорден раст на добивка

Ги зголемиле и депозитите и кредитирањето на населението

Уште една од домашните големи банки успеа минатата година да оствари голем раст кај приходите. Согласно финансискито извештај на НЛБ Банка Скопје за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, нивните очекувања и планови се оствариле, дури и ги надминале.

– Во 2025 година, Банката оствари нето добивка по оданочување од 4.879.441 илјади денари и пресмета вкупен данок од 653.078 илјади денари, по даночна стапка од 15 отсто којашто вклучува дополнителен минимален глобален данок. Притоа, бруто добивката на Банката изнесува 5.532.519 илјади денари – се наведува во извештајот.

Ова јасно покажува дека во текот на минатата година НЛБ Банка Скопје успеала да ја заврши минатата година со заработка која достигнува скоро 80 милиони евра. Односно нето добивката на НЛБ Банка изнесувала 79,3 милиони евра, додека бруто добивката, или пред оданочување 90 милиони евра.

Според извештајот објавен на Македонска берза, вкупниот пресметан данок изнесува 653 милиони денари или околу 10,6 милиони евра.

Вкупните приходи од работењето достигнале 7,19 милијарди денари, односно околу 117 милиони евра, што е раст од 3,3 проценти на годишно ниво.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 3 милијарди денари, односно околу 48,8 милиони евра, и се зголемени за 8,1 проценти, главно поради растот на трошоците за вработени и амортизација.

Исправката на вредноста на финансиските средства и резервациите на нето-основа изнесува 1,37 милијарди денари, односно околу 22,4 милиони евра, што ја потврдува претпазливата политика на управување со кредитниот ризик.

Во текот на 2025 година, Банката се искачи на првото место според пазарно учество во кредитирањето на населението, со што реализира една од клучните стратешки цели од Стратегијата 2030.

Заклучно со 31 декември 2025 година, вкупната актива на НЛБ Банка Скопје изнесува 156,9 милијарди денари, односно околу 2,55 милијарди евра. Притоа од банката информираат дека успеале да достигнат годишен раст од 19,6 проценти, или 25,7 милијарди денари – околу 418 милиони евра во споредба со претходната година.

Салдото на кредити кон небанкарскиот сектор достигна 102,6 милијарди денари, односно приближно 1,67 милијарди евра. Вкупните кредити кон овој сектор се зголемени за 21,9 отсто, односно за 18,4 милијарди денари – 299 милиони евра на годишно ниво.

Кредитите кон нефинансиските друштва се зголемиле пак за 22,7 проценти, додека кредитите кон домаќинствата се зголемија за 13,7 отсто, при што станбените кредити бележат раст од 16,2 проценти, а потрошувачките кредити од 14 отсто.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 26,3 милијарди денари, односно околу 427 милиони евра, што е раст од 27,1 проценти на годишно ниво. Овој пораст се должи на зголемените вложувања во државни записи и државни обврзници како дел од секундарната ликвидност на Банката.

Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 22,5 милијарди денари, односно околу 366 милиони евра, со мало годишно намалување од 3,8 проценти.

Вкупните депозити на комитенти достигнаа 121,7 милијарди денари, односно приближно 1,98 милијарди евра, што е раст од 13,8 отсто, или 14,8 милијарди денари или околу 241 милион евра. Растот е резултат на зголемувањето на депозитите на домаќинствата, зголемениот број клиенти и порастот на депозитите на компаниите.

Обврските по кредити и субординирани обврски се зголемени за 2,13 милијарди денари, односно околу 34,7 милиони евра, како резултат на повлекување средства од Развојната банка и субординиран заем од Нова Љубљанска банка.

Акционерскиот капитал и резервите се зголемија за 19,2 отсто, достигнувајќи 22,1 милијарда денари, односно околу 359 милиони евра, како резултат на повисоката добивка и новиот заем квалификуван како додатен основен капитал.

Во согласност со одлуката на Собранието на акционери, Банката во јуни 2025 година започна со исплата на дивиденда од добивката за 2024 година. Вкупниот износ на исплатената дивиденда изнесува 2,22 милијарди денари, односно околу 36,1 милиони евра, а бруто-дивидендата по акција изнесува 2.596 денари, односно приближно 42 евра.

Извор: фактор.мк

Најнови вести од: Бизнис

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и технологии

Станува збор за девет ученици од образовните профили машински техничар и бравар/заварувач, кои имаа можност одблиску да се запознаат со современите индустриски процеси и технологии што се применуваат во компанијата

Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија

Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори, рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Плата од над 2.000 евра за овчар, ама никој не сака да работи – нов скок на цената на храната

Земјоделците се соочуваат со потешкотии, како што се ниските откупни цени, но и недостиг од работна сила. Овчарите се дефицитарен кадар и веќе не може да се најде овчар ниту за плата од 2.000 евра. Надлежните велат дека кадар нема ни за лек, посебно млади земјоделци.

Генералното собрание на НФФ: Можност за развој на мали земјоделци и производители

Претседателот на НФФ го претстави и моделот на договорно производство како ефикасен механизам за обезбедување сигурен пласман и стабилни приходи за земјоделците, со конкретен пример од производството и пласманот на пченица.

Од 96 на 100 денари за литар масло, инспекцијата забележала поскапување и на цената кај јајцата

Пазарниот инспекторат пак на терен – велат дека трговците го почитуваат она што го ветиле кај премиерот. Млекото, млечните производи месото и сувемеснатите – се продаат по стара цена. Скок има кај маслото за јадење и кај јајцата, затоа што им се зголемиле цените на суровините за нив на светските берзи.

To top