Македонија

Сто нови еко-автобуси за Скопје

„Мои скопјани, повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро. Тоа подобро, заедно ќе го живееме“, порача скопскиот градоначалник

Во услови на тежок колапс во кој го наследивме Скопје, без неговата поддршка ништо од ова немаше да биде возможно. Мои скопјани, повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро. Тоа подобро, заедно ќе го живееме, порача скопскиот градоначалник.

„Почитувани скопјани, кај мене дадениот збор е обврска, а не само формалност пред избори. Затоа, со огромна одговорност, ви ја соопштувам веста што значи нов почеток за нашиот град.

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз“, вели Ѓорѓиевски.

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела истакна дека на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи.

„Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации. Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови. Одговорно, мудро и со јасна визија за иднината. Почитувани, проблемот што со години ве боли и што најчесто ми го посочувавте, проблемот со јавниот превоз, наскоро заминува во историјата. Свесен за тежината на предизвиците, ја прифатив оваа одговорност за да ги погледнеме проблемите во очи и заедно да ги решиме, истакна тој.

Ѓорѓиевски рече дека резултатите веќе се видливи.

„За неполни три месеци од преземањето на функцијата, започнавме процеси што долго биле закочени, до крајот на годинава пристигнуваат новите возила за Комунална хигиена, а набавката на нови автобуси ќе започне. Ве уверувам, пред нас се тектонски промени на подобро. Скопје повторно ќе стане град со кој се гордееме, град со достоинство, ред и визија.

Од срце и искрено му благодарам на Премиерот Христијан Мицкоски за безрезервната поддршка и за посветеноста кон граѓаните каква што одамна не сме виделе. Во услови на тежок колапс во кој го наследивме Скопје, без неговата поддршка ништо од ова немаше да биде возможно. Мои скопјани, повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро. Тоа подобро, заедно ќе го живееме“, порача скопскиот градоначалник на социјалните мрежи..

Најнови вести од: Македонија

Закани по животот на новинарот Видиновски : „Смрт за вас!“, „Копилиња асномски!“ – МАН повикува ЈО веднаш да реагира!

Македонската асоцијација на новинари – МАН го повикува јавното обвинителство по службена должност веднаш да преземе мерки против лицата кои со име и презиме му се закануваат на новинарот и уредник во Канал 5 ТВ Александар Видиновски, шират говор на омраза, ксенофобија, предизвикуваат национална нетрпеливост и упатуваат закани по неговиот живот, по објавата на неговото видео за непрописно паркираните возила пред Бугарската амбасада.

Сиљановска-Давкова: Евроинтеграцијата на Балканот e стратегиска потреба за стабилноста и безбедноста на Европа

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи оствари средба со претседателот на Република Естонија Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции. Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на заемната соработка со балтичката земја и склучување договори во областите од заемен интерес.

To top