Македонија

Почнува блокада на институциите – Сојузот на синдикати најпрво ќе удрат на Собранието

Сојузот на Синдикати започнува со блокади. Први на удар ќе се пратениците и на 10-ти февруари нема да можат да отидат на работа, оти ќе биде блокирано Собранието. ССМ ова го прави во знак на револт, оти не се оѕвале на апелите за носење на законите за раст на платите.

Сојузот на синдикати преминува во втората фаза од активностите за зголемување на платите. Блокадите почнуваат од 10 февруари со блокирање во македонското Собрание, а продолжуваат на 12 февруари со блокади пред Стопанската комора. Блокадата пред Владата е најавена за 17 февруари.

  • Вчера истече рокот којшто илјадници работници им го дадоа на пратениците во Собранието да направат брзи измени на Законот за минимална плата, со кои минималната плата ќе се зголеми на 600 евра, а останатите плати ќе се зголемат за разликата од зголемувањето на минималната плата, односно најмалку за 6.000 денари. Игнорантскиот однос што го покажуваат пратениците кон работниците предизвика да преминеме на втората фаза од активностите што ги спроведуваме за зголемување на работничките плати – изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Утре во 11 часот, ССМ ќе достави и иницијатива до Собранието за измени и дополнувања на Законот за плата и други надоместоци на пратениците и на другите избрани и именувани лица.

  • Со оваа иницијатива го менуваме членот со кој е утврдена основицата за пресметка на платите, така што наместо досегашната просечна плата како основица за пресметка по коефициент на сложеност, основица ќе биде минималната плата по коефициент на сложеност. На овој начин, им даваме можност да покажат дека нема да овозможат дополнително зголемување на инфлацијата во Македонија и дека се подготвени да ги намалат своите плати за 40% само со измена на оваа законска одредба, а дополнително да ги намалат и коефициентите за сложеност за 40% – рече Трендафилов.

Доколку не го направат тоа, ССМ почнува иницијатива за собирање на 10.000 потписи за да стане овластен предлагач на вакви законски измени. Дваесет и четиричасовниот генерален штрајк останува опција, а не се исклучува можноста и за организирање на уште еден протест како оној што се одржа минатата среда.

Во однос на тоа да се тргне делот за плати од Општиот колективен договор, од ССМ велат дека нема да дозволат работниците да се откажат од еднаш стекнато право загарантирано со Устав и закон.

  • Да се откаже работник од стекнато право гарантирано со Устав и закон е спротивно на Законот за работни односи, кој јасно предвидува дека ниту еден работник нема право да се откаже од право утврдено со закон или колективен договор – рече Трендафилов.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед за Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

To top