Премиерот Христијан Мицкоски побарал министерот за внатрешни работи Панче Тошковски жестоко да одговори на граѓаните што палат и се закануваат.
По неколуте блокади на граѓани кои протестираат незадоволни од тоа што полицијата им ги одзела возилата или им напишала казни затоа што преку системот ,,Сејф Сити”, премиерот Мицкоски бара да се спроведува законот.
Дел од граѓаните се закануваат со тепање на полицајци па дури и со убиства.
Премиерот Мицкоски вели дека полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир коментирајќи дека закани од типот на оние кои вчера дојдоа од протестот на Ромите во битолско нема да се толерираат.
“Разговарав денеска со министерот за внатрешни работи и она кое што го побарав од него да биде за секој оној кој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закана и го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните жестоко да се одговори.
И ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори тоа дивеење од вчера што се повтори“, изјави премиерот Мицкоски.
Група Роми вчера протестираа со палење на гуми и блокада на патишта заканувајќи се дека ќе се тепаат бидејќи полицијата им ги одзема возилата поради тоа што возат без положен возачки испит. Тврдат дека немаат пари за да полагаат за возачка дозвола.