Бизнис

4iG Групација ја зајакнува стратешката одбранбена соработка со Македонија

Јасаи Гелерт, претседател на 4iG Групацијата и Иштван Шархеѓи, извршен директор на 4iG Space and DefenceTechnologies Zrt., остварија официјална посета на Скопје, каде што се сретнаа со Александар Николоски, заменик премиер на Република Македонија и Владо Мисајловски, министер за одбрана. На средбата се разговараше за модернизацијата на Армијата на Македонија, со посебен акцент на идентификување […]

Јасаи Гелерт, претседател на 4iG Групацијата и Иштван Шархеѓи, извршен директор на 4iG Space and DefenceTechnologies Zrt., остварија официјална посета на Скопје, каде што се сретнаа со Александар Николоски, заменик премиер на Република Македонија и Владо Мисајловски, министер за одбрана. На средбата се разговараше за модернизацијата на Армијата на Македонија, со посебен акцент на идентификување области каде што соработката во одбранбената индустрија и таргетиранитеинвестиции можат да придонесат за исполнување на оперативните барања на војската и стратешките цели на националниот одбранбен сектор.

Република Македонија, која во моментот издвојува над 2% од својот БДП за одбранбени трошоци, останува посветена на понатамошно зајакнување на своите капацитети. За време на дискусиите, страните разгледаа области во кои технолошките решенија на 4iG – особено во полето на сателитските комуникации, беспилотни воздушни системи и дигитални технологии за бојно поле – можат да придонесат кон агендата за модернизација на земјата. Врз основа на својата експертиза како во новите, така и во традиционалните одбранбени технологии, 4iG е добро позиционирана да го поддржи развојот на интегрирани, мрежно-центрирани одбранбени системи во регионот.

Овој ангажман е дел од пошироката стратегија за регионална експанзија на 4iG Групацијата. Како унгарска групација со мнозинско сопствеништво во областа на инфо-комуникациите и со сѐ поголемо присуство на Западен Балкан, 4iG ја зајакна својата позиција преку серија успешни аквизиции. Во октомври 2024 година, компанијата основа локална подружница во Македонија под името OНE Mакедонија Телекомуникации. Под водство на извршниот директор Брано Ѓуровиќ и заменик извршниот директор д-р Габор Алтман, подружницата планира да учествува на претстојниот национален тендер за радиофреквенции, со цел да стане трет мобилен телекомуникациски оператор во земјата.

4iG Групацијата функционира врз три стратешки столба: интеграција на ИТ системи и решенија за претпријатија, телекомуникациски услуги и развој на инфраструктура и технологии за вселена и одбранбена индустрија. Оваа диверзифицирана понуда ѝ овозможува на Групацијата да испорачува конкурентни, интегрирани решенија за партнери од дигиталниот и безбедносниот сектор низ цела Европа.

За 4iG:

4iG Nyrt., со седиште во Будимпешта и во мнозинска сопственост на унгарски акционери, е една од водечките телекомуникациски и инфо-комуникациски корпорации во Унгарија и регионот на Западен Балкан. Како компанија котирана на берзата во Будимпешта, 4iG е препознатлива по свежиот и иновативен пристап. Како водечки унгарски телекомуникациски и ИТ систем интегратор, 4iG е клучен играч во дигиталната трансформација во регионот.

Како сопственик на ОНЕ Црна Гора и ОНЕ Албанија, групацијата 4iG опслужува скоро 2,2 милиони резиденцијални и 400 000 деловни корисници низ целиот Западен Балкан и е лидер на пазарот во телекомуникациските и инфо-комуникациските услуги во регионот. Како членка на O-RAN Alliance, групацијата е посветена на градење мрежи користејќи технологија од веродостојни и сигурни извори во рамките на иницијативата „Чиста мрежа“.

Со повеќе од 8000 високо квалификувани професионалци, 4iG обезбедува телекомуникациски и инфо-комуникациски услуги од највисок ранг, прилагодени на постојано променливите барања на пазарите на кои работи. Динамичната стратегија за проширување на Групацијата ја зацврсти нејзината позиција како значаен играч во телекомуникацискиот сектор и во Унгарија и на Западен Балкан.

Најнови вести од: Бизнис

Синдикалната кошница поевтина за 54 денари за мај – За живот на едно семејство потребни се 69.000 денари

Мајската вредност на минималната синдикална кошничка е 68.743 денари. Толку пари се потребни за намирување на основните месечни потреби на просечно четиричлено семејство што живее во сопствен дом. Трошоците се за 54 денари пониски во однос на априлските, кога жиевеачката чинела 68.797 денари.

Крај на евтиниот одмор: Колку чини една ноќ во Охрид, Струга и Дојран

Охрид, Струга и Дојран и ова лето остануваат меѓу најбараните домашни туристички дестинации, но цените за сместување јасно покажуваат дека одморот во Македонија веќе не е толку достапен како порано.

(Фото): Горивата поскапеа, но што велат експертите – Има ли оптимизам за стабилизација?!

Минатата недела Народна банка ја ревидираше проекцијата за инфлација на 4%, наместо претходно очекуваните 2,5%. И послабиот економски раст е резултат на поскапите енергенси. Овие бројки се темелат на оптимистичко сценарио дека војната ќе заврши брзо и нафтата до крајот на годинава ќе се продава по 80 долари за барел.

Клик, па колапс: Измамата „Конти“ собрала 15 милиони евра од граѓаните

Македонецот често нема доверба во институција, но има огромна доверба во „човек од народот“. Ако банка предупредува, тоа звучи како бирократија. Ако финансиски експерт објаснува дека принос од 5 насто неделно не е возможен, тоа звучи како ароганција. Но, ако соседот покаже screenshot од трансакција, тогаш математиката престанува да биде важна.

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ТИТАН Усје повеќе од 70 години е дел од заедницата, а преку програмата „Партнерство со училиштата“, која се реализира од 2009 година, компанијата континуирано инвестира во подобри услови за учење и развој на учениците

To top