Македонија

Дали безалкохолното пиво „ќе покаже“ на алкометарот доколку ве запре полиција

Иако овие пијалаци содржат само минимални траги од алкохол (обично до 0,5 %), кај дел од луѓето останува прашањето: дали можат да влијаат на резултатот од алкотестот и да предизвикаат проблеми при сообраќајна контрола?

Во периодот на продолжените викенди и летните одмори, многу возачи се одлучуваат за безалкохолно пиво за време на дружења со семејството и пријателите.

Иако овие пијалаци содржат само минимални траги од алкохол (обично до 0,5 %), кај дел од луѓето останува прашањето: дали можат да влијаат на резултатот од алкотестот и да предизвикаат проблеми при сообраќајна контрола?

Еден човек решил да го испита тоа во реални услови.

За експериментот да биде што попрецизен, во текот на три часа испил четири шишиња безалкохолно пиво од по 0,5 литри – вкупно 2 литра. Во истиот период не консумирал никаква храна, за да се исклучи нејзиното евентуално влијание врз мерењето.

Тестот бил извршен со професионален алкометар „Promiler AMP-1“.

Резултатите беа следниве:

Непосредно по последната голтка, алкометарот краткотрајно регистрирал 0,10 промили – највисоката забележана вредност.

Само пет минути подоцна, вредноста паднала на 0,00 промили.

Овој краткотраен резултат од 0,10 промили најверојатно се должи на остатоци од пијалакот во усната шуплина (т.н. „mouth alcohol“), а не на апсорбирање на алкохол во крвта.

Тоа е чест феномен кај многу пијалаци (вклучително и безалкохолни), а исчезнува брзо со нормално дишење, пиење вода или исплакнување на устата.

Заклучокот од експериментот е јасен: дури и по консумирање на 2 литра безалкохолно пиво, алкотестот не покажува траен алкохолен ефект ако се почека само неколку минути пред возење.

Возачите можат да бидат релативно безбедни во такви случаи, под услов да не пијат веднаш пред да дуваат во апаратот.

Сепак, ситуацијата е сосема поинаква кај радлер (мешавина од пиво и газиран пијалак) или други пијалаци што содржат вистински алкохол, дури и во помали количини.

Таквите напитоци можат да предизвикаат реално покачување на промилите во крвта и апсолутно не се препорачуваат ако следи возење во истиот ден.

Овој практичен тест уште еднаш потврдува дека разликата меѓу вистински безалкохолно пиво и пијалаци со низок процент алкохол е клучна.

Малите траги во безалкохолните варианти обично не претставуваат ризик – доволно е само кратко да се почека.

Најнови вести од: Македонија

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Скопјани ги засукуваа ракавите. Илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, на големо се впуштија во чистење на главниот град. Околу 30.000 граѓани се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје и поуреден град. Акцијата, рече првиот човек на Скопје, ќе се повторува двапати месечно. „Околу 30.000 вредни […]

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

To top