Македонија

Уште еден протестант се извини на „цела Влада“, на „цела Македонија“: Не знаев што зборувам од стрес, згрешив!

На протестите против проектот „Безбеден град“ неколку граѓани јавно упатуваа закани за физичко насилство и убиства. Сега тие еден по еден во последниве неколку дена во свои снимени видеа „се извинуваат на владата, на министрите, на државата и на целата јавност“. Тие „објаснуваат“ дека во тие моменти „се наоѓале во стрес, во афект, нервоза и страв“. А сега пре целата јавност „изразуваат каење за своите постапки“ и на сите „им упатуваат извинување“!

По вчерашните извинувања од граѓаните, кои се закануваа за време на протестите поврзани со одземањето возила на лица што управувале без возачка дозвола јавно денеска уште еден човек јавно се извини. Во видео снимено дома тој изјавува дека згрешил и оти „жали за своето однесување“.

„Во тој момент ми се јави еден пријател кој ми кажа дека му го одзеле возилото. Јас од стрес, срам и страв, не знаев што зборувам, згрешив. Се извинувам на цела Влада, на министрите и на цела Македонија.“


 

Најнови вести од: Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

To top