Македонија

Без возачка – без возило: за пет дена одземени 21 автомобил низ државата

МВР

Во периодот од 1 до 5 февруари 2026 година, на територијата на целата држава, по насоки на јавен обвинител, одземени се вкупно 21 возило, информира Министерство за внатрешни работи во одговор за „Скопје1“.

Од МВР појаснуваат дека возилата биле управувани од лица кои немале положено возачки испит, односно управувале без возачка дозвола, што претставува тешко прекршување на сообраќајните прописи.

Одземањето на возилата се врши согласно измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидена построга санкција за безобѕирно управување со моторно возило, а мерката се применува како превенција и заштита на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Од полицијата најавуваат дека контролите продолжуваат и во наредниот период, а секое управување возило без возачка дозвола ќе биде санкционирано согласно важечките законски решенија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Можно е намалување на даноците за транспорт, но не и за цигари

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со инфлацијата и разгледува таргетирани мерки во интерес на граѓаните, но засега нема да интервенира кај цените на алкохолните пијалоци и тутунските производи.

Сиљановска-Давкова: Нема нерешливи проблеми, а напредок е можен преку градење доверба

Шефицата на македонската држава очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји

To top