Македонија

Мицкоски на средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе оствари средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата, информираат од владината прес-служба. Претходно на 5-ти овој месец во Владата се одржа средба со претставници на УПОЗ, по чие завршување претседателот на овој синдикат Трпе Деановски информираше дека Владата го прифатила нивното барање, но, како што истакна, не во целост.

„Зголемувањето ќе биде на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата… ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право“, рече Деановски.

Тој појасни дека за ова да се реализира, треба се спреми текстот на овие колективни договори заедно со претставниците на Владата и Синдикатот. Потоа договорите треба да бидат ставени на гласање пред органите и телата на Синдикатот.

Деановски нагласи дека ако членовите ги прифатат договорите, ќе може веднаш да се продолжи со нивно потпишување. Ако не прифатат, Владата ќе добие наш одговор дека веќе е изгубена една година, а работниците можеби ќе бараат и повисоки износи од она што сега е понудено и ди видиме дали ќе има условување од Владата за откажување од нешто другото“, изјави Деановски.

На 6 февруари од УПОЗ информираа дека за 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, е прифатлив договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти. По изјаснувањето на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела ќе оствари работна средба со претставниците на Владата, на која ќе бидат договорени опфатот и теркот на колективниот договор“, најавија тогаш од УПОЗ.

Претходната средба следуваше откога премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ потврди дека е прифатлива и дека дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.


Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top