Свет

САД потопија уште еден брод што пренесува дрога (ВИДЕО)

Од септември минатата година, САД периодично напаѓаат бродови за кои се сомневаше дека транспортираат дрога во Тихиот Океан и Карипското Море

Соединетите Американски Држави погодија уште еден брод во источниот Тихи Океан за кој се сомневаше дека транспортира дрога, пренесе АП..

Американската војска на социјалната мрежа X соопшти дека бродот се движел по „познати рути за нелегална трговија со дрога“ во Тихиот Океан и дека бил вклучен во операции за „трговија со дрога“.

Како резултат на нападот, две лица на бродот загинаа, а едно преживеа.

Двајца лица беа убиени за време на операцијата, а нема повредени американски воени лица.

Од септември минатата година, САД периодично напаѓаат бродови за кои се сомневаше дека транспортираат дрога во Тихиот Океан и Карипското Море.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top