Свет

Зеленски: Не можам да дојдам на преговори со Путин во Москва

Украинскиот претседател одбива средба и во Белорусија, означувајќи ја како сојузник на Русија во војната со неговата земја

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, повторно ги отфрли јавните предлози од Русија за преговори во Москваво одговор на прашања на новинарите, јавува Укринформ.

„Не можам да дојдам да преговарам со Путин во Москва, главниот град на земјата што е агресор во оваа војна. Подготвени сме да ги поддржиме предлозите од Соединетите Американски Држави за средба каде било: во Америка, Европа, неутрални земји – која било држава освен Руската Федерација и Белорусија“, рече Зеленски, објаснувајќи дека Белорусија била сојузник во офанзивата на Русија против Украина од самиот почеток во 2022 година.

На 28 јануари Јуриј Ушаков, советник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Москва е подготвена да разгледа директни разговори меѓу Путин и Зеленски и го покани украинскиот претседател во Москва, нудејќи гаранции за неговата безбедност, како и на целата украинска делегација.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top