Македонија

Бугарски европратеник го предупреди новиот технички премиер да внимава за Македонија

Валчев побара од Ѓуров да не се повтори ланскиот извештај за напредокот кон ЕУ, во кој беа спомнати македонскиот идентитет и јазик

Ивајло Валчев, бугарски европратеник од партијата Има таков народ, го повика новиот технички премиер Андреј Ѓуров да внимава во однос на Македонија, посебно од аспект на извештајот за нејзиниот напредок на патот кон Европската унија, а имајќи го предвид минатогодишниот што ја вознемири Бугарија поради споменувањето современ македонски идентитет и јазик.

„За Бугарија, овој извештај нема стратешко значење. Минатата година, сепак, видовте дека два збора што се обидоа да се протнат – за современиот македонски идентитет и современиот македонски јазик – беа на прагот да го експлодираат бугарското општество, бидејќи Бугарија има јасна позиција, чест и национално достоинство, од кои не треба да се повлече. Бугарија не само што го спаси својот образ, туку излезе со крената глава од ситуацијата во која беше ставена од некои функционери“, изјави Валчев во интервју за бугарското Дарик радио.

„Оваа година работите стануваат покомплицирани околу влезот на Северна Македонија во Европската унија, бидејќи на сцената се подготвуваат за евентуален брз прием на Украина. Како дел од пакетот што има неколку точки за Украина, едно од запишаните нешта е давање брз пристап на Украина до членство во Унијата. Доколку тоа се случи, ЕУ ќе мора многу да им објаснува на земји како Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија зошто се забавени“, додаде тој.

„Северна Македонија по многу нешта не е подготвена за влез во Европската унија. Прашањето е покомплицирано таму отколку на други места, бидејќи има етничка поделба. Ова се работи што македонската страна не ги оспори откако го доби извештајот на Европската комисија минатото лето“, објасни Валчев.

Ѓуров е предлогот на потпретседателката Илијана Јотова за премиер на техничката влада за спроведување на изборите, роден во градот Гоце Делчев, некогашен Неврокоп, во Пиринска Македонија.

Најнови вести од: Македонија

СДСМ ќе ги бојкотира следните парламентарни избори, тврди екс партиски другар на Филипче

Мемов тврди дека техничката влада ќе важи за следните избори и ја обвинува опозицијата за ширење лаги и ги повикаа пратениците и членовите на СДСМ да не ги следат деструктивните сценарија на раководството кое, според нив, ужива во луксузни јахти и златни визи.

ЗНАМ: Не дозволувајте СДСМ да ве вовлече во сценарија против интересот на државата

Мемов постави низа прашања до СДСМ и упати повик до членовите и симпатизерите на партијата да не дозволат да бидат вовлечени во сценарија што водат кон изолација, слабеење на институциите и оттргнување на државата од европскиот пат.

Регионален бран на закани за бомби: Македонија дел од хибридна операција на Балканот

Вчерашната евакуација на еден од најпосетуваните трговски центри во Скопје се вклопува во поширока регионална шема на закани за бомби, која според безбедносните експерти укажува на координирана стратегија за создавање несигурност и страв кај граѓаните.

To top