Македонија

Како фирма од која беа запленети 30 тона канабис е поврзана со Заев и Филипче

Од вкупно околу 40 тони запленета марихуана, дури околу 30 тони се поврзуваат со фирма од Ново Село

Фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, од која беа запленети 30 тони марихуана, е директно поврзана со луѓе блиски до СДС и Заев. Постојат фотографии кои го прикажуваат Филипче во друштво со сопственикот, Тони Котев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од вкупно околу 40 тони запленета марихуана, дури околу 30 тони се поврзуваат со фирма од Ново Село

„Во 2020 година фирмата добила лиценца, а истата година, Заев и Филипче јавно ја отворија темата за поширока легализација на канабисот, вклучително и за лична употреба. Оти таквата иницијатива не доби поддршка, следеше интензивно издавање лиценци за медицински канабис, при што значителен број од нив завршија кај лица поврзани со структурите на власта.

„Измените на Правилникот за одгледување на канабис што ги овозможиле во 2023 година, кои се спротивно на закон и се однесуваат на одгледување на канабис на отворено и производство кое не ги исполнува ГМП стандардите, отвораат сериозни прашања за законитоста на процесот.

Каква е легитимноста на цел бизнис ако производот не може да се лиценцира или продава како кој не ги исполнува ГМП стандардите за медицинска употреба?- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Оттаму велат дека ова е момент за институционална одговорност. Јавното обвинителство и надлежните органи мораат итно да истражат и за лиценците и како биле доделувани истите и за измените на подзаконските акти и да ја истражат можната поврзаност на функционери од минатата власт во земјава.

Филиче „ич не се знаел“ со газдата на илегалната марихуана, но слика покажува друго

 

Најнови вести од: Македонија

С.Т.(25) од Нерав загина на автопатот Куманово-Крива Паланка, откако „голфот“ му удрил во куче, па и во „бмв“ на спротивната лента – тројца се тешко повредени

Од СВР Куманово информираат дека патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко. С.Т. го загуби животот, а три лица се тешко повредени во оваа сообраќајна несреќа, која се случила вчера околу 19 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во месноста „Смилчинци“ во општина Старо Нагоричане.

To top