Македонија

Шилажит црното злато од Химaлаите, природен еликсир со голема моќ – за поголема енергија и издржливост

Некои го нарекуваат Шилажит и црното злато од Химaлаите, природен еликсир со голема моќ

Последниве години нутриционистите се се погласни за значењето на Шилажит! А се зборува поради нејзините придобивки кои обезбедуваат поголема енергија ииздржливост во денот, придонесуваат за намалување на холестеролот, подобрување на коскената густина, зајакнување на имунитет и многу повеќе.

Некои го нарекуваат Шилажит и црното злато од Химaлаите, природен еликсир со голема моќ. Станува збор заминерално-органска смола, која што се формира сораспаѓање на растителен материјал во текот на илјадницигодини, под притисок и температури во високопланинскитерегиони на Хималаите, Кавказ, Алтаи и други планини.

Бројни научни истражувања ги потврдуваат функционалностите на овој додаток во исхраната, така да нема никакви дилеми дали треба или не да се користи, само е важно да се внимава на изборот, да биде тоа квалитетен и сертифициран производ.

„На пазарот има многу форми на Шилажит во форма на смола, прав, капсули, а меѓу има големаразлика во квалитетот,“ вели нутриционистот Дрвошански. „Секогаш советувам клиентитеда избираат производ солабораториски потврденсостав, бидејќи се работи заприродна суровина чиј квалитетможе да варира.“

Нутритивната вредност на Шилажитот е во неговиот состав, истакнуваат експертите. Според нив Шилажит не е лек, тукудодаток кој треба да е дел од балансирана дневна исхрана. Богат е со минерали, фулвинска и хуминска киселина, како и различни биолошки активни соединенијa.

Фулвинската киселина и минералите даваат поголема енергија и издржливост, а имаат и антиоксидативнисвојства, што помага во намалување на воспаленијата.

Според Дрвошански, Шилажит треба да користат луѓе соактивен животен стил, лица кои имаат напорни работниденови и кои бараат природна поддршка за да издржат во текот на денот. Препорачлив е и за спортисти. „Секогашпрепорачувам да се започне со минимална препорачана дозаи да се следи како телото реагира. И, секако, консултацијасо стручно лице, особено кај луѓе кои имаат хроничнисостојби или земаат терапија.“ На Шилажит не треба да сегледа како на волшебен прашок, вели Дрвошански, анајголем ефект дава кога е дел од поширока и балансиранаисхрана. Истовремено го подобрува и сонот, и е силнаподдршка при различни психофизички активности.

https://www.instagram.com/reel/DQv7T2oDcON/

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top