Регион

Муцунски: Македонија е централна точка на Коридорот 8

Министерот потенцираше дека државата, како централна точка на коридорот, останува целосно посветена на неговата реализација

Албанија, Италија, Бугарија, Северна Македонија и Романија потпишаа Заедничка декларација за Коридорот 8 во Тирана, дефинирајќи го како стратешка оска за поврзаност, економски развој и безбедност на регионот.

Петте земји ја потврдија својата посветеност да го претворат Коридорот 8 во функционална артерија на трансевропската транспортна мрежа со директна релевантност за постепената интеграција на Западен Балкан во Европската Унија.

Македонија ја претставуваше министерот за надворешни и меѓународна трговија Тимчо Муцунски.

Како што соопшти Министерствто за надворешни,  Муцунски на состанокот присустува на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, а на него се и министрите од Италија, Бугарија и Романија.

Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакнал важноста од целосно вклучување на сите клучни актери, нагласувајќи дека улогата на Италија како значаен фактор на Јадранот и на Романија како клучна држава на Црното Море и во регионалната економија е суштинска за Коридор 8 да стане вистинска европска врска од почеток до крај.

Осврнувајќи се на националните обврски, Муцунски потенцираше дека државата, како централна точка на коридорот, останува целосно посветена на неговата реализација. Како значаен исчекор беше посочено потпишувањето на договорот со Бугарија за прекуграничниот железнички тунел во ноември 2025 година. Првата железничка делница на источниот дел е завршена, втората е во изградба, а работите напредуваат и на третата. Во патниот сегмент, целта е целосна автопатска и експресна поврзаност од Ќафасан до Деве Баир до 2029 година, се вели во соопштението.

Дополнително била истакната и енергетската димензија на коридорот, како и потребата од усогласување на процедурите, граничното управување и олеснувањето на трговијата, со цел новата инфраструктура да биде придружена со модерни и ефикасни стандарди. Посебен акцент бил ставен на искористување на европските финансиски инструменти, вклучително и следната програма „Connecting Europe Facility“, за забрзување на имплементацијата и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите.

Соговорниците се согласиле дека фокусот во наредниот период треба да биде на реализација на финансиски одржливи проекти, координирана прекугранична имплементација и одржување на еднаков интензитет на реализација долж целата траса на Коридор 8.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер

За три, четири месеци, можеби и порано ќе поднесам оставка. Тоа попладнево за Радио Белград го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека на 27 јуни ќе биде претставена листата на владејачката СНС за претстојните парламентарни избори

Рама објави видео во градник и здолниште, додека граѓаните бараат стоп на проектот на зетот на Трамп (ВИДЕО)

Дополнителни реакции предизвика и однесувањето на Рама на социјалните мрежи, каде сподели видеа генерирани со вештачка интелигенција на кои е прикажан како инфлуенсер на местото на протестите.

Бугарија да се извини за непризнавањето и репресијата врз македонското малцинство

Европската Слободна Алијанса повикува европските институции и меѓународните организации да продолжат со мониторинг и да обезбедат почитување на европските стандарди за човекови права и демократија за македонското малцинство во Бугарија. 

Самоопределување пак победник, но Курти тешко дека ќе може сам да состави влада

Со речиси 100 проценти преброени гласови на последните избори во Косово, ажурираните резултати утрово потврдуваат убедлива победа на Движењето Самоопределување, кое води со 42,92% од гласовите, или 297.296 гласови

To top