Македонија

Тошковски: Приведени 10 лица за марихуаната, запленета во Србија, од кои двајца се во притвор

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за ТВ21 рече дека денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица, поврзани со произведената дрога марихуана, која беше запленета во Србија.

„Во текот на денешниот ден ќе се отпочне со поднесување кривична пријава до ОЈО за гонење организиrан криминал и корупција, која опфаќа 10 лица. Од нив двајца се веќе во притвор. Овие 10 лица се директно, или индиректно поврзани со произведена дрога. Денеска ќе биде поднесена кривична пријава. Имаме основани сомненија дека тие лица се поврзани со транспортот на дрогата, која беше запленета во Србија“, рече Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top