Бизнис

Азески: Кичево има потенцијал да стане мултимодален транспортен јазол

Во Стопанската комора во Кичево се одржа седница за разгледување на актуелната економска состојба во регионот, инфраструктурните приоритети, поддршката на локалните компании, како и можностите за заеднички иницијативи меѓу бизнис-заедницата и локалната власт. На седницата присуствуваа и раководителите на регионалните комори од Битола, Охрид и Прилеп.

Положбата на Кичево, како крајна точка на железничката линија во западниот дел на земјата, дава можност да се развие мултимодален транспортен јазол и да служи како транзитен центар за понатамошен, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески на седницата на Регионалната комора со седиште во Кичево, што се одржа денеска кичевското село Добреноец. Азески нагласи дека сегашната состојба и соработка со Владата е историски најповолна и дека тоа мора да се искористи за развој на бизнисите.

Во обраќањето пред стопанствениците од југозападниот и пелагонискиот регион ја претстави идејата за развивање на мултимодален транспортен јазол кој, како што рече, ќе служи како транзитен центар и на тој начин товарот што доаѓа со железница би можел да се пренесе со камиони за понатамошен транспорт кон албанската страна или пристаништето Драч.

На седницата присуствуваа и раководителите на регионалните комори од Битола, Охрид и Прилеп.

  • Овој концепт е стратегиски насочен кон намалување на трошоците, зголемување на логистичкиот капацитет и намалување на загадувањето со користење на железницата за поголем дел од транспортниот товар и овозможува лесно префрлање од еден во друг начин на транспорт. Концептот на меѓународен мултимодален транспорт се однесува на транспорт „од врата на врата“, со еден транспортен оператор и се применува во Европската унија, рече Азески.

Тој посочи дека во Европа функционираат повеќе од 600 вакви мултимодални транспортни објекти, што ги поврзуваат потрошувачите и производителите на одржлив начин. Азески кажа дека поддршка за оваа идеја има и од државата, но за да се реализира, ваква идеја потребно е да се изготви соодветен проект со точно дефинирање на изворите на средствата за финансирање и како можност тоа да биде по основ на јавно-приватно партнерство.

Градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јованоски на седницата се осврна на важноста од развојот на бизнисите во регионот, а тој како претставник на локалната самоуправа започнал со создавање поволна клима за стопанството во овој регион.

  • Имаме барање за експресен пат за Битола кој ќе нè поврзе со грчка граница, така што се надевам дека Кичево ќе биде крстосница и предност за развој на бизнисот. Испратив и барање до директорот на технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), да ни се додели парцела на којашто ние ќе може да развиеме простор за малите стопанственици, рече градоначалникот Јованоски.

Овие парцели би ги користеле кичевските стопанственици, односно за услужни, производствени фирми кои би делувале во таканаречена мала развојна зона. На седницата присуствуваа и претставници на стопанството и раководствата на регионалните комори со седиште во Битола, Охрид и Прилеп.

По презентацијата на новата идеја, учениците разговараа и за актуелните економски состојби во регионот, инфраструктурните приоритети, поддршката на локалните компании и можностите за заеднички иницијативи меѓу бизнис-заедницата и локалната самоуправа.

Најнови вести од: Бизнис

Двоцифрен раст на депозитите и на вкупната кредитна поддршка

Само во март, депозитите пораснале за 1,8 проценти на месечно ниво, главно поради зголеменото штедење на компаниите, додека кај домаќинствата е забележан благ пад. Кредитите, пак, на месечно ниво се зголемени за 1,4 проценти, што дополнително укажува на континуирано зголемување на кредитната поддршка во економијата.

Фондација САСА обезбеди финансиска поддршка за развој на четири нови локални бизниси

Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис проекти кои се дел од Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“

(Видео): Нови мерки за стабилизирање на цените, се ограничуваат маржите на ѓубривата

Владата ќе ги ограничи маржите на вештачките ѓубрива. Целта е да се спречи растот на цените, да се помогне на земјоделците и да се стабилизира пазарот. Ресорниот министер Цветан Трипуновски информира дека оваа мерка, која содржи две одлуки, ќе се применува до 31-ви мај годинава. Дополнително, владата воведе и обврска за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива, со цел да се спречат евентуални недостатоци и да се обезбеди редовна достапност.

Живејачката поскапува, платите не стигаат – само за храна месечно одат 26.000 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава изнесува 68.797 денари, што е зголемување од 979 денари во однос на март, кога таа изнесуваше 67.818 денари, информираше ССМ. Ако семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните трошоци за живот за април достигнуваат 84.172 денари. Според ССМ, за периодот од јануари до април 2026 година, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за вкупно 3.305 денари, што укажува на континуирано поскапување.

To top